-5.2 C
Скопје
02:51 - 25 ноември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 НОЕМВРИ: Бидете отворени и директни

дневен хороскоп

Овен

Толку многу сте среќни и исполнети емотивно, поради што посакувате да викате на цел глас. На професионално поле, за разлика од вас, денес вашите надредени нема да знаат што сакаат. Ќе се потпрат на вашето стручно знаење. Помогнете им. Со тоа ќе добиете плус поени кај надредените.

Бик

Околу вас постои цел свет од можности да бидете среќни, но вие постојано го игнорирате поради презафатеност. Обрнете им повеќе внимание на домашните, не одбивајте ја прегратката на партнерот, не игнорирајте ги пријателите! Животот е убав за оние кои умеат да уживаат во малите нешта. Станете дел од нив.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (08 -14 НОЕМВРИ): Нè очекуваат промени во љубовта и кариерата

Близнаци

Се држите до планот што сте го направиле, само продолжете со ентузијазмот, ве очекуваат позитивни работи. Имате многу енергија која ќе ја насочите правилно и ќе ја споделите со луѓето околу вас. Лесно ќе ги искажувате чувствата и нема да се плашите од нови работи на љубовно поле. За слободните тоа може да бидат и нови познаници.

Рак

На емотивно поле, мирот со кој ќе зрачите ќе ѝ влева сигурниост на другата страна. Со тоа уште повеќе ќе ја приврзате за себе. Плоден деловен ден – излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и контактирате со соработниците за нови проекти.

Лав

Одлуките што ќе ги носите денес ќе влијаат на многу повеќе животи одошто вие си мислите, па гледајте тие да бидат добро осмислени. Не правете нешто со што би му наштетиле некому. Создавајте добар имиџ. На крајот од денот, вие ќе бидете во добивка и ќе се чувствувате среќно и задоволно.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Нè очекува љубовен и бурен месец

Девица

Потребна ви е поддршка и помош, затоа потешките задачи завршувајте ги екипно со колегите. Со расположението ќе привлекувате луѓе околу вас и очекувајте интересни понуди. Внимателно размислете за оние на финансиско поле. Без страв чекорите кон остварување на замислените цели во љубовта.

Вага

На емотивно поле, со фантазија и креативност ќе ги надминете несогласувањата што се испречуваат меѓу вас и саканата личност. На деловно поле, особено со еден женска личност би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и сѐ ќе се разјасни. Нека ве води интуицијата во одредени ситуации.

Скорпија

Замолчете и слушајте! Денес на вашите најмили ќе им биде потребно внимателно слушање и совет, а не „солење памет“. Понекогаш гестовите можат да охрабрат повеќе отколку зборовите. Вечерта можно е да се соочите со неочекувани емоции. Дали верувате во љубов на прв поглед? Бидете отворени и директни.

Стрелец

Денешниот ден искористете го да помогнете некому кој има проблем. Не заборавајте дека среќата се множи само кога се дели, па така со споделувањето на вашата хуманост ќе бидете среќни. Работите на љубовно поле не се баш најдобри, но доколку се потрудите можете да ги поправите.

Јарец

Обидете се да не ги запоставувате обврските што треба да ги завршите, туку посветете ѝ се на работата, бидејќи трудот ќе ви се исплати. Ве очекува изненадување од некоја личност од спротивниот пол. Не дозволувајте никој да го избрише сјајот кој денес ќе го имате во вашите очи.

Водолија

Внимателно избирајте го друштво и опкружете се со позитивни личности. Важно е да не живеете според нечии правила, туку да создадете свои. Некој ќе ви се спротивставува на секој можен начин и тоа со намера да ве повреди. Чувајте се од таа личност, имајте добар однос, но никако премногу личен.

Риби

Оставете впечаток и бидете забележителни, но не по секоја цена и со провокации. Можни се нови пријателства и шанси што не треба да ги пропуштате. Поемотивни сте од вообичаено, па избегнувајте да носите важни одлуки. Не плашете се да си дадете повеќе време на љубовно поле и повлечете се ако ви е потребно тоа.

Слични објави

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Џорџина Родргиез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо
Се вчитува....