14.8 C
Скопје
22:03 - 4 мај, 2024

ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ Е СОВРШЕНИОТ ДЕН ДА ДОЗНАЕТЕ: Како изгледа СРОДНАТА ДУША на секој хороскопски знак

бакнеж

Денес е денот на вљубените што го прави овој ден-совршениот да се запрашате: Што има астрологијата да каже за вашата сродна душа?

Овен

Вашата сродна душа е некој непредвидлив, бидејќи вие не сакате монотонија, рутина и едноставност. Затоа повеќе сакате предизвици, а партнер кој ќе ви носи возбуда е одличен за вас.

Бик

Вашата сродна душа е некој кој ја разбира вашата тврдоглавост и желбата сè да правите на свој начин. Вие не сакате да се објаснувате никому, затоа ви треба некој кој нема да ви поставува многу прашања.

Близнаци

Вашата сродна душа е некој кој ве потсетува што е важно во животот, бидејќи вие губите премногу време на површни нешта. Ви треба некој кој ќе биде вашите очи кон убавите нешта во светот.

НЕОДОЛИВИ: Во овие хороскопски знаци најбрзо се вљубуваме

Рак

Ви треба некој кој не глуми недопирлив. Вие имате тенденција да бидете повлечени и кршливи, а со тоа и лесно повредени. Затоа ви треба личност која е посилна и постабилна во секој можен аспект.

Лав

Вас ви треба личност која може да ве следи во чекорот. Имате високо мислење за себе, а често ве карактеризираат како егоцентрична личност. Луѓето тешко се носат со вашиот карактер, па затоа и ви треба некој со слична личност како вашата.

Девица

Вашата сродна душа треба да ги прифаќа луѓето такви какви што реално се. Вие сте перфекционист, па сите ги гледате на тој начин и наоѓате маани. Но, не сакате ако некој ве суди.

Вага

Вашата сродна душа не треба да се плаши да биде на врвот, каде што сте и вие, родени како Вага. Мора да му одговара фактот дека вие сте привлечна личност по природа и дека ќе има многу дружење со други луѓе.

КАКО ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ МАКСИМУМ ДА ИСКОРИСТАТ ОД ПОЛНАТА МЕСЕЧИНА НА 16.ФЕВРУАРИ: Ѕвездите ве советуваат што да направите два дена по Денот на вљубените за среќна иднина!

Скорпија

Вас ви треба некој што во исто време и ве предизвикува, но и ве штити. Вие го живеете животот до екстреми. Потребна ви е умереност, затоа и ви треба врска со личност која прави да бидете подобри и да се чувствувате безбедно.

Стрелец

Вашата сродна душа е некој кој ве држи на земја. Вие сакате да скитате, но само таму каде срцето ве води. Но, кога ви треба стабилност, тука е вашата сродна душа да ве приземји, но и да ви ја даде целата потребна слобода на светот.

Јарец

Вашата идеална сродна душа е личност што ги прифаќа сите ваши недостатоци. Вие сте интензивна, но и длабоко несигурна личност. Не ви треба несигурен партнер, туку токму спротивното, некој кој ќе ве инспирира.

Водолија

Вас ви треба личност чиј менталитет е сличен на вашиот. Тешко наидувате на разбирање кај другите, а некој ист како вас може сосема добро да ве разбере. Паметни сте, па затоа и сакате некој на ваше интелектуално ниво.

ПАР ОД СОНИШТАТА: Хороскопски двојки кои се најмоќни и најстрасни заедно

Риби

Вие сакате сродна душа што ќе прави да бидете подобра личност. Емотивни сте и емпатични, па затоа и сте често повредувани. Заслужувате многу повеќе од тоа, затоа и ви треба некој кој ќе ве поттикнува да ги следите своите соништа и да го зграпчите животот.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо
Се вчитува....