6.8 C
Скопје
16:13 - 24 ноември, 2024

БОЖИЌНИ ФИЛМОВИ ЗА СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК: Овните ќе уживаат во „The Last Holiday“, а Стрелците…

Иако има многу божиќни филмови, не е баш секој погоден за секого. Вагите сакаат романтични филмови, додека Јарецот ќе ужива во црн хумор, пишува „Cosmopolitan“.

Во продолжение дознајте кој божиќен филм астрологијата го предвидела за вашиот знак.

Овен – „The Last Holiday“

Овните живеат како да имаат уште три недели живот, па затоа филмот „The Last Holiday“ е исполнување на нивните желби. Кога Квин Латифа открива дека има терминална болест, дава отказ на работа, ги остава сите свои проблеми дома и заминува во Европа да се забавува и да ги потроши сите свои пари. Овните ќе уживаат во оваа комедија преживувајќи ја секоја смешна ситуација, кимајќи со главата во знак на согласност со нејзините импулсивни одлуки и неконтролирано трошење пари.

Бик – „Home Alone“

Сон на секој Бик е релаксација во нивниот дом испробувајќи креми и разни предмети за домаќинство. Бикот лесно ќе се поистоветат со опуштеноста на Кевин во кадата, неговата храброст пред крадците и фактот дека се потпира само на себе – нешто што на Бикот му е многу познато. „Home Alone“ e хит кој секоја година се репризира на некоја од домашните телевизиски канали, но
несомнено му носи големо задоволство на овој знак, иако го гледале многу пати.

Близнаци – „Love Actually“

Близнаците се социјален знак кој секогаш сака да ги знае сите „жешки“ озборувања, деталите за сите лични односи на луѓето околу нив и како сето тоа е поврзано со нив. Со десетина централни приказни, „Love Actually“ ќе ги држи залепени за екранот и ќе ја задоволи нивната потреба за хумор и паметни дискусии. Но што е најважно, тие ќе се чувствуваат како да се во центарот на
случувањата.

Рак – „Elf“

Нежен и весел филм за потрагата по семејство ќе биде како мека прегратка за припадниците на овој хороскоски знак кој емитува добри вибрации. Бади е Рак, сто проценти. Тој е чувствителен, сериозен елф кој само се обидува да шири радост. Ракот е познат по тоа што е многу заштитнички настроен, како Бади кој очајнички го брани својот брат Мајкл.

Лав – „Die Hard“

Драма! Акција! Толку многу добри цитати! Топло срце во центарот на сета оваа луда акција! Брус Вилис! Лавовите се лојални до крај и дефинитивно сонуваат да бидат херои во приказна каде што ги спасуваат своите романтични партнери, семејството или пријателите. Лавовите треба да го гледаат „Die Hard“ за да си ја исполнат желбата за безвременски моменти.

Девица – „A Charlie Brown Christmas“

Девиците се организиран знак кој сака да помага, го цени редот и традицијата, овој филм важи за врвна божиќна класика. Покрај тоа, трае само 30 минути, па лесно ќе се вклопи во преполниот распоред на Девицата. Тие ќе го гледаат паралелно правејќи нешто низ дома и ќе сочувствуваат со критичкиот став на Чарли кон комерцијализмот.

Вага – „The Holiday“

Вагата е ултимативен романтичар, па затоа несомнено треба да ја гледат оваа класична романса. Кога Камерон Дијаз и Кејт Винслет се разочарани во љубовта, тие решаваат да ги заменат домовите за празниците и на крајот да најдат љубов. Во овој поглед, Вагите би ги прескокнале семејните празници доколку тоа значи дека ќе доживеат романса во друга земја.

Скорпија – „The Nightmare Before Christmas“

Со оглед на тоа што Скорпијата е знак кој е најтесно поврзан со смртта и трансформациите, тие ги обожаваат сите морбидни детали кои доаѓаат со ова ремек дело на Тед Бартон. Скорпиите ќе уживаат во темните пресврти на старите традиции.

Стрелец – „Christmas Vacation“

Како еден од најпаметните и најсмешните знакови, Стрелецот треба да ја гледа една од најдобрите божиќни комедии снимени досега. Во филмот, Кларк Гризволд само сака да има совршен одмор со своето семејство, но ништо не му оди од рака. За Стрелецот нема ништо полошо од чувството кога треба да се држи до традицијата.

Јарец – „How The Grinch Stole Christmas“

Јарецот е знак кој дефинитивно ќе одвои време во својот распоред за да се „мрази“ себеси. Нивниот прагматизам понекогаш може да се претвори во песимизам, па дефинитивно ќе уживаат во темниот хумор на Џим Кери. Но, да, колку и да се склони кон песимизам и мрачно размислување, срцата на Јарците мекнеат кога ќе добијат заслужена љубов и почит.

Водолија – „Rudolph The Red-nosed Reindeer“

Водолијата е знак на хуманоста, заедништвото и индивидуалноста. Логично е дека ова е нивниот омилен божиќен филм. Како Рудолф, Водолијата секогаш ќе се истакнува како срцето на тимот, без разлика што прават и каде и да одат. Тие секогаш го прават она што е најдобро за групата.

Риби – „The Polar Express“

Како најдуховниот и најмистичен хороскопски знак, Рибите ќе уживаат во верзијата на Том Хенкс на „The Polar Express“, во која едно младо момче на Бадник заминува со мистериозен воз до Северниот Пол. Делот од Рибите кој високо ја цени убавината и креативноста ќе ги цени волците, боровите шуми и снегот.

Слични објави

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо

Душко Тошиќ има нова девојка: Откриени сите детали за нивната врска и каде парот тајно се гледа

Еспресо

Хороскоп за 24 ноември: На Овните им пристигнуваат пари, Раковите се на емотивна клацкалка

Еспресо

Познатата српска пејачка се пофали со богатството: Син ми на 5 години има стан во Дубаи, а мојот во Србија вреди 300.000 евра

Еспресо
Се вчитува....