2.8 C
Скопје
19:56 - 24 декември, 2024

Астро прогноза за среда, 6 декември

Овен

Ден кој носи прилично иновативна сила што ќе ви овозможи да се справите со речиси сè. Слободните Овни конечно ќе треба да се осмелат да си го отворат срцето, без оправдувања дека не се подготвени за нови приказни.

Бик

Добар ден за конечно да ги преземете работите во свои раце, спремни да се справите со сите ситуации, а не само да се жалите и да чекате помош да стигне од најблиските. На работното место ќе имате одлични идеи: ставете ги во акција без страв, вашиот претпоставен ќе биде многу задоволен.

Близнаци

Ќе имате позитивен пресврт во вашиот живот. Очекувате вести? Конечно ќе пристигнат и ќе ве израдуваат. По толку многу мака, конечно, ќе започнете со позитивни проекти.

Рак

Ќе се чувствувате ангажирани и подготвени да се вратите во играта. Ве чека напорен ден, а амбициите се повеќе ќе ви растат. Не се исклучени добри шанси за унапредување.

Лав

Искористете го поволниот ден повеќе за љубов. Дајте си поттик за отворање на некои сентиментални прашања, Универзумот ќе ве награди со толку многу шарм што позитивните ситуации сами ќе ги привлекувате.

Девица

Ќе се чувствувате преродени и подготвени за нови проекти. Сепак, не ја менувајте набрзина актуелната ситуација, да не направите погрешни чекори за кои набрзо ќе зажалите.

Вага

Денот ќе почне позитивно и со добра енергија која треба да се искористи особено во работата. Но веќе попладне, ќе почувствувате пад на енергијата и тоа во емотивниот живот, па дури и со отсуство на концентрација. Не обесхрабрувајте се и не дозволувајте да ве надвладее лошо расположение.

Шкорпија 

Обидете се да не бидете премногу директни во пристапите и да не предизвикувате љубомора кај колегите. Во меѓувреме, денот искористете го на емотивно поле, доколку имате проблеми во врската, зашто дене ја имате целата поддршка од астралното небо.

Стрелец

Лице што го запознавте неодамна може да ве изненади со голем предлог! Сигурно неочекувано, но многу интересно. На работа, не превземајте големи обврски зашто оваа среда тешко дека нешто ќе можете да реализирате.

Јарец

Стресот може да биде причина за мали здравствени проблеми. Забавете малку. Не е вистинскиот ден за ризикување, за почнување на прокети и потпишување на договори.

Водолија 

Напорен ден кој бара вклучување на интелигенцијата, затоа фокусирајте го вниманието на приоритетите. Обидете се да се релаксирате во вечерните часови, благодарение на смислата за хумор, ќе можете да ги смирите дури и “тешките” ситуации.

Риби

Избегнувајте да си правите „ментална тортура”, гледајќи илјадници проблеми, кои главно се замислени. Препорака од ѕвездите е да се релаксирате, да си дадете повеќе време само за себе и да се насочите на промена на дневната рутина.

Токсична љубов: Три хороскопски знаци кои ќе влетаат во врска со погрешна личност наскоро

Слични објави

Вељко Ражнатовиќ врие од бес, итно му треба помош: „Пријави ја будалата“

Еспресо

(Фото) „Среќен Божиќ на онколошките пациенти“: Ведрана Рудан честиташе, а покажа и кој ѝ прави друштво

Еспресо

(Фото) Брена му седна во скутот на Боба, тој ја држи со раце и не ја пушта: „Бакни ме“

Еспресо

(Видео) Северина на Бадник сподели видео со мајка си: „Таа е најдобра и најубава“

Еспресо

На Алек Болдвин нема да му се суди за убиството на сетот за филмот: Случајот е официјално затворен!

Еспресо

(Фото+видео) Вака изгледала Слобода Миќаловиќ како девојче: Името ѝ го дал татко ѝ, а зад сè се крие трогателна приказна

Еспресо
Се вчитува....