-0.2 C
Скопје
11:15 - 18 јануари, 2025

Астро прогноза за петок, 30 септември

ОВЕН

Потрудете се да бидете поекономични во трошењето, но не го правете тоа со љубовните и еротските желби. Преземете иницијатива, саканата личност тоа го очекува од вас. Можни се стомачни тегоби.

БИК

Ве очекуваат добри вести кога се во прашање приходите и хонорарите. Не влегувајте брзоплето во нови бизниси. Не водете инает на партнерот и најважно, не бидете тврдоглави.

БЛИЗНАЦИ

Ако сте во можност, обидете се да се осамостоите од родителите и да основате свој дом. Не го запоставувајте партнерот, може многу да ви се налути. Чувајте се од повреди на коските и мускулите.

РАК

Сакате да преговарате и да се ценкате за повисоки приходи. Размислете само како ќе го направите тоа. Во љубовта, поштедете се од расправии, бидејќи можете да бидете само губитник. Возете внимателно.

ЛАВ

Скептични сте, но немојте да бидете, ви следува период на одлична соработка и решавање на финансиски проблеми. Нервозите од работата ви ги попречуваат личните односи. Променете ја исхраната.

ДЕВИЦА

Имате трошоци, нетолерантни сте и лесно ве иритираат лошите односи со колегите. Нервозни сте и поради партнерот, но тоа добро го криете. Внимавајте на исхраната и не внесувајте многу шеќери.

ВАГА

Правите планови за заминување во странство или за промена на работното место. Член од семејството ќе ви помогне да се стабилизирате. Можни се проблеми во врската поради љубомората.

СКОРПИЈА

Скептични сте и недоверливи, особено поради своите помлади и понеискусни колеги. Семејството ви е во преден план и тоа не му се допаѓа на партнерот. Можно е воспаление на мускулите.

СТРЕЛЕЦ

Сакате да патувате, но немате многу време за тоа. Поминете повеќе период во природа, особено на планина или покрај езеро. Сакате да се дружите со со весели личности. Потребна ви е физичка рекреација.

ЈАРЕЦ

Одлично соработувате со оние кои знаат да водат бизнис. Ќе имате одличен предлог за соработка. Друштвени сте, но обрнете внимание на една таинствена личност од вашата близина. Одморете.

ВОДОЛИЈА

Сакате професионалните односи да се подобри од оние моментално. Некој ќе ви понуди соработка. Ве привлекуваат креативни личности кои имаат добра смисла за хумор. Добро се чувствувате.

РИБИ

Следува подобрување со личност со која досега односите беа доста остри. Имате рационален став за љубовта, можна е нова врска или краток флерт. Намалете ја количината на храната, внимавајте на калориите.

Слични објави

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Еспресо
Се вчитува....