02:15 - 11 ноември, 2026

Астро прогноза за петок, 13 јануари

ОВЕН

На 13 јануари Овенот може да има здравствени проблеми – внимавајте на вируси. Ѕвездите ве советуваат овој ден да не ризикувате да се мешате во гужви, полни простории, киносали…

БИК

На 13 јануари Биковите треба да бидат внимателни со технологијата. Ѕвездите велат дека на овој ден сè ќе „гори“ во вашите раце – секако не во вистинска смисла на зборот, туку во смисла дека може да се расипе (телефон, компјутер, па дури и автомобил).

БЛИЗНАЦИ

Близнаците треба да избегнуваат потпишување на договори денес, особено оние кои ќе понудат нешто што изгледа многу примамливо. Ѕвездите велат, на 13 јануари не треба да го правите она што ја разбудува вашата страст.

РАК

Раковите на 13 јануари треба да бидат внимателни во изјавите, велат ѕвездите. И тие ве предупредуваат: пред било што да кажете на партнерот или на колегите/претпоставените, избројте до десет.

ЛАВ

На 13 јануари Лавовите можат да влезат во неволја доколку не ги слушаат советите на другите. Ѕвездите предупредуваат: вашето его може да ве измами овој петок.

ДЕВИЦА

На 13 јануари на Девиците ќе им треба нечие искуство. Ѕвездите советуваат: ако некој ви понуди помош овој петок, не одбивајте!

ВАГА

На 13 јануари Вагите мора да бидат исклучително прецизни во своите проценки, велат ѕвездите. И тие предупредуваат: „пријатели“ со лажни информации можеби се во ваша близина.

СКОРПИЈА

Скорпиите на 13 јануари можат да го добијат она што претходно не им било дадено. Згора на тоа, велат ѕвездите, ќе можете да ги надминете сите ваши противници и пречки. Затоа, не седете со скрстени раце – преземете акција.

СТРЕЛЕЦ

На 13 јануари Стрелецот подобро да не им падне во очи на претпоставените/или полицијата. Ѕвездите велат дека овој петок не можете да ги задржите емоциите. Зошто ви се потребни кавги кои би можеле да завршат со судски спорови?

ЈАРЕЦ

Јарците можат да бидат агресивни на овој ден, велат ѕвездите. Штом почувствувате дека почнувате да „вриете“, користете го докажаниот метод за смирување: вдишување-издишување.

ВОДОЛИЈА

На 13 јануари Водолиите треба да се слушаат себеси. Ако сте донеле одлука – дејствувајте, ако не сте подготвени – не се присилувајте да направите нешто на овој ден. Резултатот може да биде катастрофален.

РИБИ

На 13 јануари Рибите се изложени на ризик да станат депресивни. Немојте да си дозволите да влегувате во лошо расположение, во спротивно можете да пропуштите многу убави работи во животот. Ѕвездите советуваат да не ја доведувате ситуацијата до критична точка

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....