17.8 C
Скопје
20:01 - 21 октомври, 2026

(Фото) Крафорд, Шифер и други супермодели се збогуваат со Татјана Патиц: „Се надевам дека ќе јаваш коњ низ бескрајни ливади…“

Синди Крафорд, Клаудија Шифер и други супермодели ѝ оддадоа почит на Татјана Патиц. Легендите на модната писта посветија објави на Инстаграм на нивната почината колешка.

„Толку тажно што слушнав за смртта на убавата Татјана Патиц. И двете влеговме во модната индустрија како деца и заедно растевме. Бевме на бројни заеднички фотосесии…Ја познавав добро, мека, чувствителна, љубезна, љубопитна. Може ли некој да го заборави нејзиниот продорен поглед? Љубовта на Татјана кон животните и природата беше заразна. Моето сочувство до нејзиното семејство, особено до нејзиниот син, кого го обожаваше“, напиша Синди Крафорд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

„Таа беше вистински член на нашата група супермодели, тешко е да се прифати дека не напушти на толку млада возраст. Беше задоволство да се работи со неа – таа секогаш беше приземна и возвишена. Се надевам дека со коњите и кучињата е во рајот“, додаде Клаудија Шифер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)

„Убава Татјана, секогаш грациозна и мирна, со тие прекрасни, насмеани очи. Уште од мали нозе, патувавме многу заедно, споделивме неверојатни спомени. Сакав да бидам покрај тебе, беше толку мирно, секогаш се смеевме многу. Ти благодариме што не одржувавте во контакт до самиот крај. Нашата кореспонденција ме насмевнува, разговаравме за тоа колку ја сакаме природата. Се надевам дека ќе јаваш коњ низ бескрајни ливади, со насмевка на лицето, а ветерот ќе ти ја развејува косата“, рече Хелена Кристенсен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helena (@helenachristensen)

Топли зборови упатени до Татјана Патиц споделија и Ева Херцигова, Мила Јовович, Карла Бруни и многу други.

„Не напушти ангел“, пишува Херцигова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Herzigova (@evaherzigova)

Смртта на 56-годишната Татјана Патиц стана позната на 11 јануари. Наскоро, агентот на супермоделот Корин Николас потврди дека таа починала од рак на дојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milla Jovovich (@millajovovich)

Слични објави

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova
Се вчитува....