30.8 C
Скопје
20:07 - 11 септември, 2026

Драматичниот живот на Лиза Мари Присли: Четири брака, загуба на син, а најпосле се откажала од зависности

Ќерката на Елвис Присли, која тргна по негови музички стапки, Лиза Мари Присли (54) почина од срцев удар.

Кога пристигнала во болница во округот Лос Анџелес, откако колабирала во нејзиниот дом во Калабасас во четвртокот наутро, болничарите веднаш започнале со CPR, објави магазинот People. А кога ќерката на Елвис Присли дала „знаци на живот“ била префрлена во локална болница за „итна медицинска помош“. Сепак, Лиза Мари Присли, која имаше 54 години, не преживеа. Примена на интензивна нега, ѝ бил поставен привремен пејсмејкер по срцевиот удар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Marie Presley (@lisampresley)

Смртта ја објави нејзината мајка Присила. „Онесвестена“ во креветот ја пронашла слугинката, а потоа и нејзиниот поранешен сопруг, Дени Киу. Тој се вратил откако ги однел нивните деца на училиште и веднаш повикал брза помош.

„Со тешко срце морам да ја споделам страшната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мари не напушти“, се вели во објавата. Присила Присли, исто така, ја нарече нејзината ќерка „најстрасната, најсилната и најсакана жена што некогаш сум познавала“.

Два дена пред нејзината смрт, Лиза Мари Присли присуствуваше на доделувањето на наградите Златен глобус со нејзината мајка, каде актерот Остин Батлер ја освои наградата за најдобар актер во драмски филм за неговата улога како Елвис Присли во истоимениот биографски филм.

Медиумите објавија дека за време на церемонијата Присли не изгледала најдобро: и било тешко да оди и се држела за својата пријателка. Упатените известуваат и дека злоупотребата на супстанции не доаѓа предвид: Лиза Мари се откажала од нив пред неколку години.

Лиза Мари Присли тргна по стапките на нејзиниот татко и ја започна својата музичка кариера во 2000-тите. Таа има издадено три албуми: To Whom It May Concern (2003), Now What (2005) и Storm & Grace (2012).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Marie Presley (@lisampresley)

Таа беше мажена четири пати, вклучително и со музичарот Мајкл Џексон и актерот Николас Кејџ. Лиза Мари Присли остави зад себе три ќерки: Рајли Киу (33), Финли (14) и Харпер Локвуд. Синот на Лиза Мари Присли, Бенџамин, беше пронајден мртов во неговиот дом во Калабасас со прострелна рана во 2020 година, тој имаше 27 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Marie Presley (@lisampresley)

Слични објави

Три хороскопски знаци кои знаат да го скршат мразот во љубовниот однос

Еспресо

Драгана Мирковиќ разочарана од поранешниот сопруг: „Тони не сакаше да даде пари, рече дека тоа е моја одлука“

E.A.

Од 50 евра до десетици илјади евра — кој што носеше на гламурозниот роденден на Ника и Атина Тошиќ

E.A.

Триесет години од возобновувањето и осветувањето на манастирскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Ботун

Еспресо

Се вадам на скршената глава: Перо Камиказа повторно на велосипед по потресот на мозокот

apostolova

Храна и пијалаци што ги уништуваат бубрезите: Внимавајте што секојдневно внесувате во организмот

Еспресо
Се вчитува....