3.8 C
Скопје
00:01 - 21 декември, 2024

Астро прогноза 31 јули, недела

Овен: На љубовен план денес треба да почнете да делувате или барем да зборувате со партнерот за проектите предвидени за есен, кога ќе ви се случи нешто убаво. За осамените – интресни средби. На работа чувствувате исцрпеност која се зголемува, па подобро е да бидете посмирени и пофлексибилни. Месечината ви го чува здравјето и ви дава енергија.

Бик: На љубовен план денес поволната Венера во голема мера ќе помогне да ги заштити односите, а страстите се фаворизирани. Ќе ве притиска свесното чувство за промени. Финансиите пак, држете ги под контрола. На работното место постојат некои проблеми од економска природа кои треба да се надминат, но и на ова поле ви требаат промени, кои може да ги очекувате наскоро. Ќе имате сила да го поминете поволно денот.

Близнаци: Во љубовта чувствувате дека нешто „не оди“, мора да обрнете внимание на некои ситуации кои создадоа проблеми уште во минатото. Некое незадоволство ве поттикнува на неодговорност, но исто така е веројатно дека ќе го почувствувате незадоволството на оние околу вас. Во работата- можност за оние кои бараат нешто ново, на почетокот ќе имате некои проблеми, но потоа тие ќе се решат. Здравје – опоравување.

Рак: Љубов –  денеска ѕвездите ќе ви овозможат да воспоставите нови односи со нови луѓе. Мрзеливоста ве тера да ги одложите промените што ви се потребни. Искористете ја поддршката од Јупитер и Венера, кои се во хармоничен аспект и ви даваат доверба Во работата не ги потценувајте пристигнатите предлози, зашто во првите денови од август ќе треба да преземете одлуки. Внимавајте на грипот и настинките.

Лав: Љубовните приказни кои се родени само пред неколку дена мора да се држат под контрола, уште се кревки за да се наречат врски. И врските кои започнале од почетокот на годината, па наваму, се уште не претставуваат ништо важно и ставени се на тест. Всушност, денес на сите полиња ќе чувствувате како да се тестира вашето трпение преку серија на настани. На работа – нешто почнува да се менува, но многу бавно. Здравјето продолжува да „работи“ за вас.
Девица: За оние кои се во брак – турбулентен ден и конфронтации, затоа обидете се да бидете умерени и свесни за зборовите. Осамените пак, ако бараат сродна личност, веројатно ќе ја најдат или препознаат во стар пријател. Ве потсетуваме дека 2022 година ќе биде важна година за вас. Во работата, обрнете внимание на предлозите што доаѓаат, не оставајте ништо нерешено. Внимание на здравјето.
Вага: Во љубовта, ако имало проблеми во минатото, сега заборавате што се случило. Важни контакти ве очекуваат на средината на денот. Дојде време да се освестите и да не ги сфаќате работите пресериозно и лично. На работното место, подобро е да преземате мали чекори, а не нешто ризично. Здравјето „држете“ го под контрола.
Шкорпија: На љубовен план ќе имате важни моменти. До средината на август ќе дојде нешто многу убаво. Економскиот аспект се уште ве загрижува, па добро е да внимавате на трошоците. Работниот ден ќе биде корисен за оние кои имаат сопствен бизнис или за оние кои сакаат нешто ново за во иднина. Здравјето е подобрено.
Стрелец: Ако имате за нешто да разговарате со партнерот, направете го тоа деновиве, уште подобро да го направите разговорот денес. На осамените некоја позитивна личност ќе им го одвлече вниманието од реалноста. Не можете да кажете дека не сте ефикасни на работа или дека не можете да ги афирмирате вашите идеи. Здравје – позитивно.
Јарец: Вашата самодоверба е разнишана. Некој или нешто ќе успее да ве турне во криза. Сепак, благодарение на поволното влијание на Месечината конечно некои одлуки ќе ги извадите на виделина. На работното место, оние кои чекаат вести, овие два три дена имаат голема можност да ги чујат. Здравје – внимавајте на вознемиреноста.
Водолија: На љубовно поле ќе се соочите со мали конфликти, иако ѕвездите се на ваша страна, работите ќе бидат подобри од следниот месец. На работното место треба да направите важни избори, да расчистите со дволичните и да ги задржите до вас само оние кои ве разбираат. Опкружени со многу пријатели и нови идеи, можеби сте презеле премногу проекти во исто време. Денес и со нив ќе треба да расчистите, односно да ги разретчите. Здравје – внимание на стресот.

Риби: Со доаѓањето на некои добри вести, ќе добиете наплив од емоции кои ќе ве поттикнат да почнете да сонувате за нова страст или нова работна авантура. Ѕвездите ви овозможуваат да добиете многу повеќе отколку што добивавте во последните неколку дена. Добри вести ве очекуваат и на работен план, а секако дека ќе ги чуете до крајот на летово. Здравје – контролирајте ја нервозата.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....