10.8 C
Скопје
07:59 - 19 март, 2024

6 хороскопски парови кои најверојатно ќе се разделат ова лето

Кои хороскопски парови се на најголем ризик да ја прекинат врската ова лето? Прочитајте ги предвидувањата од ѕвездите.

Јарец и Вага

Јарецот е прилично амбициозен знак, многу фокусиран на работата и кариерата, а до крајот на ова лето го чекаат одлични изненадувања од професионална гледна точка. Ако е во врска со личност родена во знакот на Вага, секако дека Вагата ќе се чувствува многу осамено и ќе биде лишена од вниманието што го сака од нејзиниот партнер/ка. Јарецот пак, ќе внесе безброј промени во животот на Вагата со кои таа ќе мора да се соочува. Доколку Вагата не најде сила да го поддржи партнерот Јарец во критичниот период за неа, до крајот на летото 2022,  лесно може да се случи Јарецот да ја напушти Вагата. Но, не е исклучено дека и Вагата, уморна и разочарана од врската, да влета во авантура, која Јарецот никогаш нема да ѝ ја прости.

Овен и Девица

Многу критична и кревка е врската на Овен и Девица ова лето. Годината им почнала во знакот на кавгите, а од втората половина, дискусиите се „на нож“.  Меѓу нив е и голема доза на напнатост, која, во добрите денови, ќе се ослободи преку сексуалната енергија , додека – во лоши времиња – може да доведе до многу насилни расправии и дискусии. Девицата брзо може да се умори од импулсивноста на Овенот. Овенот пак, од своја страна, може да му стане неподнослив перфекционизмот на Девицата … Овие парови до крајот на летото 2022 треба да бидат премногу внимателни, освен ако не се сигурни дека врската не вреди!

Шкорпија и Водолија

Летово може да стават крај на врската и Шкорпијата и Водолијата. Шкорпијата оваа година е особено силна, додека вториот дел од годинава за Водолијата носи бројни тешкотии, па со тоа е и таа слаба. Ако Водолијата е во неволја, Шкорпијата ќе почне да се „сопнува“ од проблемите на Водолијата и лесно може да крене раце од неа и да си продолжи сама. Од друга страна пак, љубоморната Шкорпија може да почне да се сомнева во Водолијата и да почне да и „дише во вратот“, што за Водолијата која сака слобода и независност ќе претставува тешко оптоварување. Во секој случај, овој пар има многу климава релација до крајот на летото, па која врска преживее – ќе има за што да раскажува!

Лав и Рак

Лавот, на моменти, е премногу фокусиран на себе, додека на Ракот му треба постојано внимание. Ова ќе биде главната причина што до крајот на летото 2022 може да дојде до распаѓање на многу парови Рак-Лав, ако не се внимателни да ги почитуваат и да ги задоволуваат потребите на партнерот. Лавот ќе има некои работни и финансиски тешкотии , а тоа ќе го натера да биде уште повеќе посветен кон сопствените интереси и грижи од оние на неговиот партнер, кој ќе се почувствува отфрлен и не е доволно важен за него. Ризикот од раскинување на врската е зад секој агол.

Бик и Близнаци

Оваа година за Бикот ќе биде особено тешка, а Бикот, веќе знаеме, кога се соочува со проблеми создава нервози во домот и кај блиските. На  Близнаците ќе им биде многу тешко да држат чекор со него, со желба да се забавуваат и да пробаат нови нешта. Па така, бегајќи од проблемите на Бикот, кој ќе им претставуваат оптоварување, Близнаците ќе почнат да гледаат наоколу…И, воопшто нема да им падне тешко со првата нова шанса да ја прекинат старата врска. Само доколку станува збор за вистинска и длабока љубов, оваа врска до крајот на летото може да преживее.

Риби и Стрелец

Рибите и Стрелецот имаат најголема шанса да ја прекинат врската до крајот на ова лето. Стрелецот ќе чувствува силна желба за слобода и жед за авантура, а тоа ќе заврши со заплашување на кутрите Риби, дефинитивно многу повеќе посесивни и мелодраматични во сентименталните работи. Ако Рибите поради страв од загуба премногу почнат да покажуваат посесивност, сигурно е дека Стрелецот ќе стави точка на оваа приказна. Од друга страна пак, ако Стрелец премногу почне да „шета“ наоколу, Рибите ќе избегаат во побезбедни мориња.

 

Слични објави

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 18 март: За Лавовите нови можности, за Рибите креативност

еспресо

Астропрогноза за недела, 17 март: За Скорпиите остварување на сонот, за Јарците трнлив пат

еспресо

Успех во кариерата: Два хороскопски знаци наскоро ќе се искачат по скалилата на успехот и славата

еспресо

Неделен хороскоп (од 18 до 24 март): Љубов за Јaрците, тензии за Вагите, среќна недела за Рибите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 16 март: Нови луѓе во животот на Лавовите, компромис за Скорпиите

еспресо
Се вчитува....