17.8 C
Скопје
19:08 - 23 мај, 2026

Астро прогноза за недела, 5 февруари

ОВЕН

Ако успеете да го изгасите скандалот што се појавува (наместо да додадете масло на огнот, како што обично правите), ова ќе биде вистинска победа. А вие сакате да победувате, нели? Денес е ден за победи!

БИК

Не брзајте да носите никакви одлуки денес. Не е ден за договори и пресекувања. Ѕвездите препорачуваат на овој ден да ставите сè на маса – можеби некој „предмет“ ќе испадне излишен.

БЛИЗНАЦИ

Премногу сериозно ги сфаќате мислењата на оние кои мислите дека ви се пријатели. Ѕвездите ве советуваат – целосно игнорирајте ги нивните мислења и терајте по свое. На вистински пат сте. Така „добронамерниците“ ќе и победите.

РАК

Не е ден за преземање големи работи, па дури не е ден ни за потрага по партнер. Но не очајувајте. Ова е само еден од оние денови кога ништо нема да ви оди од рака. Наместо да се нервирате, пробајте да уживате во денот правејќи работи кои одамна не сте ги правеле.

ЛАВ

Ако имате сериозен разговор со партнерот, обидете се да останете смирени и цврсти. Ѕвездите велат дека дополнителните емоции на овој ден ќе бидат сосема бескорисни.

ДЕВИЦА

Ако ви треба совет од вашата сродна душа, не одложувајте – побарајте од неа/него веднаш. Ѕвездите велат дека оваа недела мислењето на партнерот може да ја промени вашата одлука, а со тоа и иднината.

ВАГА

Ако одлучите да ја прекинете врската, држете се на тој став до крај. Ако сте млитави и неодлучни, подоцна ќе зажалите. На 5-ти февруари треба да бидете посилни од било кога.

СКОРПИЈА

Ѕвездите ви препорачуваат да забоработе денес на домашните обврски и денот да го поминете во комплетна релаксација, медитација и уживање, без да правите буквално ништо. Дајте си одмор, ве чека напорна работа недела.

СТРЕЛЕЦ

Ѕвездите ве поттикнуваат да бидете искрени со партнерот на овој ден. Доколку на 5 февруари почнете да затајувате или барате изговори, очекувајте навистина голема кавга.

ЈАРЕЦ

Денес е ден за подобрување на вашата врска. Затоа искористете го секој миг за разговори и дружење со партнерот. Дури и не плашете се да ги споделите задачите со него/неа. Така, можете побрзо да се справите со работите и да ги исправите односите ако тие моментално се нарушени.

ВОДОЛИЈА

Ѕвездите велат дека денес последователно ќе влегувате од грешка во грешка и на љубовен план, но и со најблиските од семејството. За промена, почнете да прифаќате совети и не бидете толку своеглави. Тргнати сте во погрешна насока на размислување.

РИБИ

Доколку барате партнер, денес имате огромни шанси и навистина да го/ја најдете. Ѕвездите само ве потсетуваат дека нема да ви дојде пред врата, туку треба да излезете од дома. Не се однесувајте како оние што чекаат седмица на лото, а не уплаќаат ливче.

Слични објави

Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ имаат недвижност во Грција: Нема да верувате колку платиле за апартманот

Еспресо

„Да ни е жива песната македонска“: Фолк Фест Валандово 2026 со посебен омаж за Никола Бадев

Т.Ц.

Смртта на младата мисица го потресе светот: Постојат сомнежи дека била убиена поради мираз – сопругот е во бегство

Т.Ц.

(Видео) Едита Арадиновиќ покажа како тренира: Дига тегови во шестиот месец од бременоста

Т.Ц.

(Фото) Александра Пријовиќ со децата на пазар: Фотографијата ги разнежни обожавателите

Еспресо

Аца Лукас станува актер – доби понуда од Хрватска да глуми во хит серија

Еспресо
Се вчитува....