16:41 - 30 јули, 2026

Астро прогноза за петок, 30 декември

ОВЕН

Овенот ќе добие неочекуван подарок. Ѕвездите ве советуваат сепак да не примате скапи подароци, зашто може да се бара нешто за возврат од вас во иднина.

БИК

Бикот може да добие казна (од полиција) или пак, негирање на трудот од страна на претпоставените. Ѕвездите советуваат да не се нервирате премногу денес, зашто наскоро се ќе се реши на подобро.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците ќе мора да научат како правилно да го распределат своето време. Се чини дека поголемиот дел од времето што го трошите не е на она што навистина ви треба.

РАК

Раковите знаат да си постават амбициозни цели и да ги постигнат. Така ќе биде и денес. Овој ден е уште една шанса да го промените вашиот живот на подобро.

ЛАВ

Ќе ви се отворат нови можности за кариера. Доколку добиете многу поволна понуда, не брзајте да одговорите.

ДЕВИЦА

Девиците ќе делуваат како посредник денес. Но, ѕвездите не советуваат да заземете одредена страна на конфликтот. Во спротивно, и вие ќе настрадате.

ВАГА

Вагите ќе почувствуваат наплив на виталност. Наутро бидете што е можно попродуктивни. Вечерта одвојте време за себе и за вашите вистински желби.

СКОРПИЈА

Што и да се случи, не се задржувајте на тоа. Не се самоизмачувајте денес! Ѕвездите ве советуваат дека е време малку повеќе да уживате во малите нешта што ви ги дава животот надвор од работното место.

СТРЕЛЕЦ

Размислете добро пред да направите сериозна финансиска инвестиција. Некој од партнерите може да дејствуваат во себични цели.

ЈАРЕЦ

Јарците би требало да трошат помалку време на туѓи работи. Ако имате денес вишок на слободно време, „потрошете“ го на креативни активности, наместо да се мешате во нешто што не е ваше.

ВОДОЛИЈА

Она што веќе се случи, Водолијата не може да го промени. Не треба да живеете во минатото. Иднината е во ваши раце, ве советуваат ѕвездите.

РИБИ

Рибите чувствуваат акутен недостаток на виталност. Урамнотежената исхрана, умереното вежбање и омиленото хоби ќе помогнат да се надополнат резервите на енергија. Во меѓувреме, започнете барем со спиење – наспијте се денес!

Слични објави

„Трета средба со Варшава, но пак немав среќа да ја видам сончева“: Каролина Гочева од дождливите улици на Полска

Еспресо

Елена Ристеска ги разнежни следбениците со прекрасни фотографии: „Мојата внука и јас, си пееме“

Еспресо

(Фото) Понекогаш е доволен само еден фустан за вечерта да стане незаборавна – ќе го најдете во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

„Да не беше музиката, ќе бев мртов до 25 години“: Десингерица отворено за пороците и животот пред славата

Еспресо

(Фото) Ќерката на Соња Тарчуловска блесна во впечатлив летен стајлинг – Мелани воодушеви со новите фотографии

Еспресо

(Фото) „Засекогаш П“: Во Аеродром откриен мурал во чест на Панчо

Еспресо
Се вчитува....