2.8 C
Скопје
16:42 - 17 декември, 2025

Што со јајцата по велигденскиот ритуал на кршење? Идеи за преслатки јадења

Искористете ја вашата фантазија и од јајцата кои се скршени направете интересни пиленца, зајчиња, бубамари…Во подготовката на овие преслатки мезиња вклучете ги и вашите деца, ќе се радуваат.

Слатки пиленца

За слатки велигденски пилиња потребно ви е: варени јајца, мајонез, морков, неколку маслинки и листови од зелена салата за декорација.

Сварените јајца, чија луспа напукнала при варењето, или пак, веќе сте ги искористиле за ритуалот со кршење јајца, излупете ги. Потоа, пресечети го горниот дел (врвот) за да изгледа како капа, внимателно без да допрете до жолчката на јајцето. Отстранете ги белите „капчиња“ од јајцата, и со помош на шприц за готвење ставете малку мајонез врз останатиот дел од јајцето. Мајонезот ќе ја претставува главата на пиленцата. Исечкајте ги маслинките, отстранете ја од нив семката, и направете им очиња на пиленцата. Морковот сварете го и потоа иситнете го на парченца во форма на тријаголник – тоа ќе бидат клунчињата на пиленцата, и само забодете ги во мајонезот. Вратете им ги на пиленцата „белите капчиња“ и тие ќе заличат како тукушто да се испилиле. Наредете ги пиленцата во сад украсен со листови од зелена салата или рукола.

инстаграм

Букет цвеќе

Постапката е многу едноставна, а потребни ви се само варени јајца и млад кромид.

Исечето го врвот на јајцето во цик-цак форма, оставајќи да се надѕира жолчката како да е пупка на цветот. Потоа, на долниот дел од јајцето додадете ги зелените листови на кромидот. Ќе добиете прекрасни лалиња.

инстаграм

Весели зајчиња 

Од неколку јајца, претходно сварени, може да направите и зајчиња. Со помош на чепкалки (скршени на мали парчиња), црни маслинки и моркови, декорирајте ги белите јајца – направете им очи, уши и мустачиња.

Бубамари

Весели бубамари лесно ќе направите на тој начин што јајцето ќе го пресечете на половина, а врз него – врз жолчката ќе ставите ливче од босилек, рукола или нане. Врз ливчето – на половина пресечено чери доматче кое ќе го украсите со дамки со помош на ситно сечкани маслинки.

инстаграм

 

Слични објави

Орландо Блум ја „спушти“ Кети Пери по раскинувањето: „Сега си барам партнерка со пари и со стил“

Еспресо

„Подготвена за Божиќ“: Бресквица покажа дека е вистинска домаќинка, еве како се снаоѓа во кујна

Еспресо

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо
Се вчитува....