2.8 C
Скопје
16:42 - 17 декември, 2025

(Видео) Шеф Давор Панчевски ви препорачува за ручек: Рецепт за селско месо на највкусен начин!

Селското месо е едно од најпрепознатливите јадења во домашната кујна. Без разлика на тоа кој како го подготвува, овој превкусен специјалитет е вистински гастрономски деликатес кој совршено оди рака под рака со чаша квалитетно црвено вино.

Потребни состојки

350 г телешко месо исечкано на коцки

350 г свинско месо исечкано на коцки

200 г мелено месо

2 лажици лебни трошки

Сол и мелен црн пипер по вкус

1 жолчка

2 лажици брашно за превалкување на топчињата од мелено месо

200 г свежи шампињони исечкани на коцки

1 лажица брашно

1 лажичка мешан сув зеленчук

600 мл вода

Најпрво, Во тавче на оган загрејте го маслото за јадење и пропржете ги телешкото и свинското месо. Гответе околу 7-10 минути додека месото не добие убава кафена боја.

Во меленото месо ставете лебни трошки, сол и мелен црн пипер по вкус и жолчката. Оформете мали топчиња од меленото месо во големина колку парчињата телешко и свинско месо. Извалкајте ги топчињата во брашно и пропржете ги во масло за јадење. Во земјена тава или тава за печење, ставете ги испржените парчиња месо и свежите шампињони исечкани на листови. Во маслото во тавата во која се пржеле парчињата месо додајте го брашното, коцката супа и водата. Кога смесата ќе се згусне прелијте ја оваа смеса врз парчињата мелено месо.

Во рерната ставете ја тавата со селско месо, загрејте ја на 150 степени и печете од 70 до 90 минути додека месото не добие убава златно-кафена боја.

Забавно готвење со Давор.

Слични објави

Орландо Блум ја „спушти“ Кети Пери по раскинувањето: „Сега си барам партнерка со пари и со стил“

Еспресо

„Подготвена за Божиќ“: Бресквица покажа дека е вистинска домаќинка, еве како се снаоѓа во кујна

Еспресо

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо
Се вчитува....