07:32 - 15 декември, 2025

(ВИДЕО) ЕДЕН МОМЕНТ СИ НА ВРВОТ, ДРУГИОТ – НА ДНО: Животната приказна на бездомникот Таир Даут

Некогаш успешен човек со свој бизнис, денес бездомник. Животната приказна на Таир  Даут  е полна со падови и животни грешки, кои го научиле на потежок начин колку е скапа цената на коцката и пороците.

Мислел дека со коцкање лесно може да заработи, напротив, одлежал казна затвот во траење од една година. Времето поминало, но кога излегол сватил дека загубил се, останал сам и на улица. Талкал по улици и паркови. Се развел од сопругата, ќерките го напуштиле. Му се влошила здравствената состојба, му биле направени 4 операции.

Другарувал со самотијата, но и со истите како него, другарите од улицата. Токму од нив го добил , тогаш, најдобриот совет, да се обрати за помош во Пунктот за бездомници при Црвениот Крст на Град Скопје. Таму му била дадена втора шанса за подобра живот од оној на улица.

Заработува минимално, некогаш нема за оброк во денот, но не се жали. Единствената желба му е да си ја поправи гаражата во која живее, затоа што при секој дожд му капе внатре.

Сонува еден ден да се види со сопругата и со ќерките, да им објасни за она што го дотуркало до тука, за сè што преживеал низ годините. Секој празник другар му е самотијата, а тогаш вели му е најтешко.

Таир Даут е само еден од стотиците бедомници низ Скопје кои носат своја приказна и поука. Тој ги советува младите луѓе да стојат што подалеку од пороците, со кои вели еден ден го живееш сонот, а веќе другиот си на дното.

Целата приказна за Таир Даут погледнете ја во видеото. 

КАМЕРА – ВИКТОР ПАВЛОВСКИ

Слични објави

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо

Ана Николиќ е во емоционална и финансиска криза: Раста нема намера да ѝ помогне

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ веќе прави палавштини: Баба Верица го брани на свој начин

Еспресо
Се вчитува....