11.8 C
Скопје
11:40 - 2 март, 2026

ВО МЕЛБУРН ВО ДВОРОТ НА БИТОЛЧАНКАТА БЛАГА: Цвеќињата ми ја смируваат душата, а Македонија е најубавото цвеќе на Балканот! 

Денес разговараме со Блага Недановска која живее и работи повеќе од 40 години во Мелбурн, Австралија. Таму е заедно со нејзиното семејство.

фото – приватна архива
– Љубител на цвеќиња сум од мали нозе, во мојата родна куќа имавме секогаш убави цвеќиња. Мајка ми и татко ми сакаа секогаш дворот да биде чист и уреден, зашто старите велат – домаќините се познаваат по дворот – ја започнува својата цветна приказна нашата Македонка во Австралија.
Се сеќава дека уште како дете секогаш од кај другарките ѝ носела цвеќина на мајка си за да ја израдува.
– Откога дојдовме во Мелбурн, живееме во куќа со двор и секогаш дворот ни е украсен со убави цвеќиња и украсни дрвца – ни раскажува Блага.
Ни објаснува дека во Мелбурн доминираат речиси сите цвеќиња што ги има и во Македонија, но разликата е во тоа што таму не фаќа мраз, па цвеќињата не мрзнат. Па така, во текот на зимата температурите можат да се спуштат и под нулата, без да направат штета на цвеќињата.
– Во дворот го поминувам речиси целото мое слободно време, некогаш работно, некогаш во уживање со кафето – вели Блага.
Таа посебно ја обожава пролетта кога се садат летни цвеќиња, се чистат тие што се постари, па така секогаш има нешто да се работи. А Блага тоа го прави со големо задоволство.
– Сите цвеќиња ми се омилени, не можат да издвојам едно, посебно, цвеќињата се најубавото нешто за мене. Ми ја смируваат душата, ме исполнуваат со радост – искрена е нашата цветна дама. 
И така, стигнуваме до советот од Блага за сите оние што сакаат допрва да почнат да се занимаваат со одгледување на цвеќе.
– Можат да почнат од сè што сакаат зашто секој си има посебен вкус. Што било – само нека почнат, зашто цвеќето е најубавото нешто, сака да му се посвети доста внимание, но верувајте, тие дупло ќе ви вратат со својата убавина – советува Блага. 
За крај, нашата Македонка во странство нагласува дека секоја минута помината во дворот е уживање, посебно кога ќе дојдат синовите, снаите и внуците, па уживањето во дворчето е заеднико.
И следува, срдечниот поздрав:
– Поздрав до сите Дворчиња, поздрав до мојата Битола, до нашата прекрасна Македонија која е најубавото цвеќе на Балканот!

Инаку, Блага е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Видео) Не беше облечена, а бараше потпис: Никола Станишиќ се отвори за обожавателките

apostolova

Ќерката на Харис Џиновиќ ужива во Дубаи: Ѓина сподели луксузни моменти со поглед кон Бурџ ал Араб

Еспресо

(Фото) Елена Велевска отпатува од Македонија и се пофали со луксузот во Германија

apostolova

На Јелена Томашевиќ ѝ се слошило на концерт: Пејачката само клекнала на колена!

Еспресо

Под кирија во еден, па во друг стан: Јелена Спенџарска раскажа за мачниот период

apostolova

Лепа Брена одби да зборува за Саша Поповиќ, замолчи кога му се спомена името

apostolova
Се вчитува....