13.8 C
Скопје
09:12 - 28 април, 2024

Во Мариупол тревога за колера: „Труповите скапуваат под урнатините“, Русите го менуваат името на градот

Тела во распаѓање и купиштата ѓубре се контаминирачките извори на водата за пиење. Руските власти кои сега управуваат со градот воведоа карантин.

По уништувањето кое го донесе војната, пристигнува болеста. Во Мариупол, пристанишен град во југоисточна Украина, постои нова закана: водата е загадена од бактерии кои носат колера. Општинските власти се загрижени поради тоа со недели, а вчера помошникот на градоначалникот Петро Андриушченко потврди дека телата во распаѓање и купиштата ѓубре ги загадуваат изворите на вода за пиење.

Руските власти кои сега управуваат со градот воведоа карантин, а во меѓувреме хуманитарната ситуација се влошува. Трупови сè уште се закопани во речиси сите дворови на Мариупол, како што истакна Градскиот совет: „Телата гнијат под урнатините на стотици облакодери. А воздухот буквално е отруен“.

Континуираното бомбардирање направи голем дел од Мариупол да биде денес во урнатини и ја уништи водоводната и канализационата инфраструктура: за да имаат пристап до чиста вода (која е достапна само на секои два дена во најдобар случај), жителите на Мариупол мора да чекаат во редици со часови.

Зголемените температури и континуираното војување, според експертите за јавно здравје, го изложуваат населението на Украина на заразни болести, што потенцијално отвора нова фаза од конфликтот, во која властите ќе мора да успеат да се справат со избувнувањето на болести. Најзагрозените области се оние кои сè уште се окупирани, каде што континуираните борби ги уништија и здравствените системи.

На прес-конференција, украинскиот заменик-министер за здравство Ихор Кузин објасни вчера дека се следи потенцијалната епидемија на колера низ целата земја уште од 1 јуни. И дека ситуацијата во Мариупол е особено сериозна: „Не можеме да бидеме 100% сигурни дека ќе има појава на болести, но сите предуслови се тука“. Според Кузин, сепак, украинскиот здравствен систем има доволно лекови и вакцини за лекување на колера барем до август.

Минатиот месец Светската здравствена организација соопшти дека ќе испрати вакцини против колера во Днипро во централна Украина за да се подготви за можни епидемии. Веќе тогаш, претставници на СЗО укажаа на несигурните здравствени состојби во Мариупол. „Има мочуришта на улиците и се мешаат отпадните води и водата за пиење“, објасни Дорит Ницан, регионален директор за итни случаи на СЗО. „Ова е огромна опасност за појава на многу инфекции, вклучително и колера“.

А, според Украинската воена разузнавачка служба, Русија се подготвува и за можна епидемија. Развива превентивни мерки во регионите кои граничат со Украина, за да се осигура дека медицинските установи се подготвени за „антиепидемиски мерки“.

Инаку, освоениот град од страна на Руите сега ќе го промени и името во „нормално руско име“.

 

Слични објави

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо

Денес се Цветници, единствен празник на кој треба да се работи

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо
Се вчитува....