10:54 - 10 ноември, 2026

(ВИДЕО) По Белгија и Малезија и ВО ЏАКАРТА ОТВОРЕН РЕСТОРАН ШТО ЛЕБДИ ВО ВОЗДУХ на висина од 50 метри

Луѓето што сакаат да јадат ручек или вечера на летечка платформа сега можат да го сторат тоа и во Џакарта. Неодамна во овој индонезиски град беше отворен необичниот ресторан Lounge in The Sky, кој на гостите им овозможува несекојдневно искуство да јадат и пијат на височина од 50 метри.

Ова е првиот ресторан од ваков тип во Индонезија, а трет во светот, по Белгија и Малезија.

Додека уживаат во оброците, гостите користат безбедносни појаси, како и придружниот персонал. Супервизорите ги запознаваат гостите со правилата за безбедност пред да се качат на платформата на која може да престојуваат 32 луѓе истовремено, а цената на оброкот во овој ресторан се движи од 110 до 260 долари.

Ресторанот има одредени правила за гостите што може да го посетат, вклучувајќи минимална возраст од 17 години, максимална тежина од 150 килограми и минимална висина од 135 сантиметри.

Ресторанот се одржува во воздух со помош на телескопски кран од 300 тони. Lounge in The Sky ќе остане во Џакарта три месеци. Гостите можат да ги резервираат своите места, а пред отворањето имало над 5.000 гости на листата на чекање.

Има три понудени пакети за посетителите: стандардна класа за 112 долари, бизнис класа за 225 долари и прва класа за 260 долари.

Слични објави

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо
Се вчитува....