19.8 C
Скопје
20:53 - 30 мај, 2026

ТЕШКАТА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА МОДЕЛОТ НА „ONLY FANS“: За да се спаси од насилство, се откажала од семејството

Малтретирање, закани и злоставување биле дел од секојдневието на девојката со немирен дух и копнеж за слобода, за која се изборила на најтешкиот можен начин и жртвувала се што ја поврзувало со претходниот живот во Саудиска Арабија.

Рахаф Мохамед побегнала од семејството пред три години и преку Тајланд стигнала до Канада, каде што добила канадски пасош, откажувајќи се од презимето.

Познато е дека жената во шеријатскиот систем на Саудиска Арабија всушност е „суштество“ од втор ред. Простор и можност за изразување и напредок не постојат. На мажите им се толерираат многу работи што се строго казниви низ светот. Под бурката вриела немирната крв на Рахафа, желна да се ослободи од стегите и да избега од репресијата со која се соочувала во семејниот дом, од оние кои, според непишаното правило, требало да и дадат најмногу љубов. Притисокот бил неподнослив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rahaf Mohammed (@rahafcaofficial)

Новопечената Канаѓанка доживеала бројни трауми од нејзините браќа и мајка, а чашата се прелеала кога ја силувал таксист. Тој ја одвел на далечна, непозната локација и ја обесчестил. Запознавајќи други сопатнички со слично искуство на интернет, таа почнала да смислува план за бегство.

Прво се упатила кон Тајланд, шест дена поминала во хотел со оправдување дека не може да се врати зашто семејството ќе ја убие поради нанесениот срам. Потоа продолжила преку Пацификот до Канада, каде што нашла нов живот.

Свесна за нејзиниот атрактивен изглед, Рахаф отворила страница на „Only Fans“. Таа се откажала од својата вера, отфрлајќи го своето старо презиме и потекло. Сега е баран модел со многу следбеници, а пишува и книга за се она што преживеала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rahaf Mohammed (@rahafcaofficial)

Слични објави

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо

(Фото) „Најголемиот благослов“: Немања Гудељ со емотивна порака за роденденот на Анастасија Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Еспресо

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Т.Ц.

Сината месечина на 31 мај носи големи пресврти: Проверете што му подготвува на вашиот хороскопски знак

Т.Ц.
Се вчитува....