3.8 C
Скопје
22:09 - 20 декември, 2024

ВЕДРАНА РУДАН ЗА МАЈЧИНСТВОТО: Секоја жена откако ќе роди станува будала преку ноќ

ведрана рудан

Хрватската писателка Ведрана Рудан објави колумна на својот блог во која зборува за љубовта на мајките кон своите деца. Брутално искрена, без влакна на јазикот.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

„Сакав да имам деца многу рано. Во лов на младенчиња, не обрнував премногу внимание на потрагата по идеален татко. Тогаш мислев дека сите мажи се исти. Во мода беа високи мажи со широки рамења и големи дланки. Повеќето жени својата љубов кон партнерот не ја гледаат како нешто што ќе ја одреди нејзината судбина. Тие посветуваат повеќе внимание на изборот на венчаница отколку на тестирање на идниот татко на нивните деца. Кога ќе се за*беме, не сме многу изненадени.

Постојано гледаме околу нас како страсните љубови се претвораат во страсна омраза. Љубовта има рок на траење. Долгиот, бел фустан секогаш може да се претвори во краток, кој го облечете за на венчавка на некоја несреќна жена. Ти, конечно слободна, таа правно осудена.

Но… Некој ни рече, постои безусловна љубов, постои вечна љубов, има љубов отпорна на бури, поплави, пожари, земјотреси. Љубовта на мајката кон своето бебе. Годините на бебињата тука не играат никаква улога. Додека постоиш, она што си го родила за тебе е бебе. Беспомошното суштество се смее на сè и сè му е простено однапред.

Дали претерувам? Мојата пријателка ѝ ја дала својата куќа на ќерката, а за себе си изнајмила стан под кирија. Деновиве сопственикот ја брка на улица затоа што ќе го продавал станот. Самата си е виновна. Дали е „виновна“? Што ако љубовта помеѓу мајката и нејзините младенчиња е нешто поголемо од животот? Друга пријателка на нејзиниот син му купи стан, автомобил, му плаќа режиски трошоци, едвај преживува. Тоа го прави за својот душевен мир. Мајката ја мери својата среќа според големината на среќата на нејзините бебиња.

Клучното прашање е, дали нашите бебиња можат да бидат среќни додека сме живи? Или стануваат бескрајно среќни дури кога од овој свет ќе замине „давежот“ од кој веќе ништо не може да се извлече, освен неплатена сметка за „А1“, струја, вода, уплатница за изнајмување стан? Тука се и погребалните трошоци. Бебињата се најсреќни додека стојат на работ од гробот на својата мајка и плачат во неверување.

Го организирав мојот погреб. Платив човек да ми ја земе урната, да ја однесе на отворено море и да ја истресе прашината во длабочините. До смртта ме ждерело дете, по смртта ќе ме проголтаат рибите. Тоа ќе ми биде најдобрата инвестиција во животот, извинете, после животот. Е*ате!

Што сум му дала на детето што не сум морала? Нема да набројувам, сите го правиме истото. Да го шутнев своето бебе после средно училиште, нејзе ќе ѝ помогнев, ќе се уништев себеси. Љубовта кон бебињата убива на рати. Кога разгалените дечиња од 10+, 20+, 30+, 40+, 50+… ќе ни вратат на начинот на кој секој човек му враќа на оној што е добар кон него, тогаш сме чудиме.

Сме му помогнале на месото од нашето месо. Може ли тоа да биде с*ање? Сме гледале околу себе, не сме научиле ништо. Местото од нашето месо може да биде само с*ање. За исклучоците се пишуваат книги, се снимаат филмови и серии. Секоја жена откако ќе роди станува будала преку ноќ. Како што минуваат годините, ѝ станува појасно. Залудно. Дали е тоа научено однесување? Или ние мајките сме само глупави риби кои не можат да одолеат на црв на јадица?

Рака на срце, кој навистина ми треба? Ја имам Пепица. Мачката не покажува интерес за оставинската расправа. Напротив, некако сум сигурна дека ми посакува долг и среќен живот.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....