8.8 C
Скопје
19:25 - 31 март, 2026

ВЕЧЕРВА ВО МКЦ: Премиера на „ГЛУМиЦИ“ – нова театарска претстава на Артопија

Вечерва, со почеток од 21 часот, во МКЦ ќе се случи премиера на „ГЛУМиЦИ“ – новата претстава со колективно авторство од независното театарско здружение Артопија.

„Оваа претстава ја сонуваме 10 години. Почнувавме да ја правиме неколку пати. Последниот пат кога почнавме, решивме да не ја завршиме никогаш. Прашање е дали ГЛУМиЦИ е воопшто претстава за глумици или за глумци, за театарот, за сите нас во него или за него во светот, за славата, блесокот, за сето она за што мечтаеме, за страдањето, за носењето на својот крст и верувањето. Можно е да не е. Можно е да не е ни претстава. Можно е да е нешто повеќе. Не знаеме. Не знаеме ни дали никогаш досега не сме го правеле ова или отсекогаш сме го правиле токму ова. Да пробаме заедно, па ќе видиме.“, велат организаторите.

Дизајнот на сценски простор е на Ненад Тонкин, оригиналната музика на Дино Имери, а претставата е во продукција на Артопија.

Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи.

 

 

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....