16:50 - 2 април, 2026

СО КОГО СЕ СВРШИ ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ? „Небото е полно со ѕвезди, но јас гледам само една“

Пејачот Васил Гарванлиев се сврши, а наскоро ја планира и својата свадба.

По неколку провативни најави, знаци и симболи објавени на социјалната мрежа Фејсбук, македонскиот претставник на Евровизија во 2020 година за неколку наши портали ја потврди веста дека се верил во текот на романтичниот престој во Америка.

Имено, уште од 15 април на својата Фејсбук страничка Васил најавуваше дека „едвај го чека неверојатниот викенд“ во Њујорк, а вчера пак, беше поконкретен објаснувајќи дека „небото е полно со ѕвезди, но јас гледам само една“, постирајќи фотографија од црвено кутивче за накит.

Во кутивчето – прстен, а дланката која го држи е испружена кон небото, симболично најавувајќи ја бесконечната љубов.

фејсбук

На бројните честитки од неговите пријатели и фанови постирани под „среќните објави“ на Васил, тој се заблагодари со збороите – „љубовта победува!“.

Свршувачката „се случила набрзина“, а Васил не „очекувал дека ќе му се случи љубов“.

Е сега, со кого Васил го споделува своето срце, останува малку да почекаме пред да дознаеме.

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....