01:32 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ве вртат зглобовите? Еве какво време е пред нас!

– Утре и во сабота ќе се задржи променливото време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец, додека посончево време ќе имаме во недела. Наутро и понатаму ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре и во сабота ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

Според Попоски, претежно сончево времето ќе биде во недела, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 14 степени. Ново зголемување на облачноста, кое ќе донесе повремен локален дожд се очекува во почетокот од следната недела.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....