04:58 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Утре ќе врне, проверете каде низ Македонија…

– Како што претходно најавивме, од утре па натаму ќе има зголемување на облачноста која ќе биде проследена со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите повеќе ќе ги има во западните и јужните предели од државава, и истите таму ќе бидат со умерен интензитет, додека на другите места врнежите ќе бидат послаби. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец, додека во вторник ветерот ќе го промени својот правец во северен. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, додека од среда истите ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион од утре ќе има зголемување на облачноста која ќе биде проследена со повремен локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер, утре од југоисточен, додека во вторник ветерот ќе биде од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 13 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....