6.8 C
Скопје
07:25 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Сончево и натпросечно топло време

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Во вечерните часови и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат дури и малку над 20 степени,  вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, додека навечер и во текот на ноќта ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Потоа од утре па натаму ќе има повеќе облачност и ќе има појава на повремен локален дожд. Температурите и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Заладување на времето ќе има во вторник, кога врнежи од дожд ќе има на повеќе места и локално истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и на повисоките места и на планините ќе преминуват во врнежи од снег. Во вторник услови за врнежи од снег ќе има и на некои места со помала надморска височина, и тоа особено во северните предели. Сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец, додека температурите во вторник ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени во најтоплите предели од државава.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....