10.8 C
Скопје
23:43 - 3 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Поројни врнежи, еве колку воден талог се очекува да наврне!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и ПОСВЕЖО, претпладнево со услови за локален краткотраен дожд. Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. На некои места врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, нè известува метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, особено попладне и навечер со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Максималната температура ќе се искачи до околу 25 степени.

Според Попоски утре и во четврток времето ќе биде претежно облачно и СВЕЖО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд, кои локално и тоа особено во западните предели ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

-Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додава метео прогнозерот, и заклучува – Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени. Во петок сеуште ќе има услови за локален краткотраен дожд, додека за време на викендот ќе има стабилизирање на времето и пораст на температурите на воздухот.

Слични објави

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо
Се вчитува....