6.8 C
Скопје
08:45 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Каде ќе се „истури“ од врнење, а каде ќе дува силен ветер!

– За време на овој викенд, под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло преку ден со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени. Сепак, наутро ќе биде студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, со што локално и понатаму ќе има појава на слаб мраз, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, во понеделник постепено од запад облачноста ќе се зголемува. Додека под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта понеделник кон вторник и во вторник ќе има врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и тоа особено на запад, каде ќе наврнат околу 15 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен, а во вторник до ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец.

– Сепак и покрај оваа промена, температурите ќе останат релативно високи и тоа поради јужното воздушно струење. Истите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 17 степени. И во Скопскиот регион, до понеделник времето ќе биде стабилно, суво и сончево, додека во вторник ќе има зголемување на облачноста, проследена со врнежи од дожд и со засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....