18:29 - 6 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дали и за поладне ќе ви треба чадор?

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во текот на претпладнево. Попладне, врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, вели нашиот метео прогнозер Славло Попоски.

Во Скопје и околината времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во текот на претпладнево, додека попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Според Попоски, во следните денови ќе имаме променливо облачно и релативно суво време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.

Слични објави

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо
Се вчитува....