12.8 C
Скопје
15:42 - 24 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Ни доаѓаат ветришта и дожд, еве од кога

– Како што претходно кажавме, од утре постепено облачноста ќе се зголемува и за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела ќе биде пооблачно. Ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени, најавува нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, поради продор на постудена воздушна маса од север, од недела ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец, а температурите ќе бележат тенденција на опаѓање за 5 до 8 степени и од недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

И во Скопје и околината за време на викендот ќе биде пооблачно, а ќе има услови и за повремен локален слаб дожд.

– Во недела ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец а температурата ќе бележи тенденција на опаѓање. До сабота истите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 21 степен, додека од недела ќе биде пониска и ќе се искачува до околу 15 степени, заклучува Попоски.

Слични објави

(Фото) Енис Бешлагиќ го покажа синот: Сите коментираат колку личи на славниот татко

Еспресо

(Фото) „Момент на вечноста“: Тигар објави фотографија со Јована Јеремиќ во Виена

Еспресо

Ведрана Рудан за борбата со ракот: „Докторите ми ветуваа брза смрт. Две години умирам, а ништо не се случува“

Еспресо

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin
Се вчитува....