11.8 C
Скопје
14:41 - 29 март, 2026

СЛАЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: До кога ќе трае индиското лето?

– Продолжува невообичаеното топло време за овој период од годината. Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во западните предели ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 21 степен.

Според Попоски,  до понеделник времето ќе биде стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Од понеделник навечер ќе има услови за повремено локален дожд, додека температурите од вторник ќе бележат тенденција на постепено опаѓање.

Слични објави

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо
Се вчитува....