3.8 C
Скопје
22:37 - 11 март, 2026

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПРИГОТВИ БРЗА И ВКУСНА ТОРТА: Готова за 20 минуту!

25 рецепти за 25.000 илјади вкусни и здрави навики со Cooking with Branko.

Полна месечина! Ги крие тајните на шумата, планините, љубовта и една нова надеж. Брза и вкусна торта која се подготвува за само 20 минути. Следете ги состојките и уживајте во магијата, советува шеф Бранко Попоски познат како Cooking with Branko.

Потребни состојки:

За долниот дел:

– 100гр. мелена Плазма
– 100гр. мелени ореви
– 100гр. мелени лешници
– 100гр. кокосово масло
– Рендана чоколада по желба

За кремот:

– 300гр. Маскарпоне
– 300гр. Шумско овошје (аронија, капина, боровинка)
– 3 големи лажици мед
– 100гр. Кокосово масло
– 2 лажички екстракт од ванила
– Ситно сецкани лешници

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branko Cooking (@cookingwithbranko)

Начин на подготовка:

Сувите состојки за горниот дел измешајте ги и додадете им кокосово масло. Мешајте убаво додека не се натопи целата смеса. Додадете го ренданото чоколадо. Смесата поставете ја на долниот дел од садот и убаво притиснете со рацете да се зацврсти. Оставете ви фрижидер да се стегне 5 до 10 минути.

Во длабок сад додадете ги состојките за кремот. Матете со миксер додека не добиете хомогена смеса. Шумското овошје ставете го во блендер, а потоа додадете го во кремот. Лешниците иситнете ги на мали парчиња. Промешајте со дрвена лажица. Врз долниот дел истурете го кремот и убаво измазнете. Оставете да отстои во фрижидер за да се стегне.

По желба декорирајте со листови од јоргован и шумско овошје.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....