6.8 C
Скопје
08:47 - 1 април, 2026

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПОДГОТВИ НЕОДОЛИВА ТОРТА СО ЈАБОЛКА И БАДЕМИ: Лесна за правење, но и за јадење!

25 рецепти за 25.000 илјади вкусни и здрави навики со Cooking with Branko.

Има три причини зошто треба да ја направивте оваа торта со јаболка. Пред се, е многу брза и едноставна за подготовка, а притоа и лесна за јадење. Вие треба само да се препуштите на вкусот на јаболко во комбинација со цимет, ванила, каранфилче и мускатно оревче – вели шеф Бранко Попоски познат како Cooking with Branko.

Потребни состојки:

За тестото:

– 300гр. брашно
– 3 јајца
– 100мл. кисела вода
– 1 лажичка сода бикарбона
– Екстракт од ванила
– 5 лажици маџун

За филот:
– 5 јаболки на ленти
– 1 лажичка цимет
– половина лажичка мускатно оревче и каранфилче

За кремот:
– Крем од ванила
– 125мл. Ладно млеко
– 100 гр. Сецкани бадеми

Начин на подготовка:
Состојките од тестото ставете ги во длабок сад, по следниот редослед: Прво, изматете ги јајцата, додадете го брашното, потоа додадете кисела вода, сода, ванила и маџун. Миксајте додека не добиете течна смеса, која ќе ја поставите на округли плех прекриен со хартија за печење. Печете околу 7 минути на 180-200 степени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branko Cooking (@cookingwithbranko)

Потоа, извадете од релна и додадете ја смесата со јаболката и зачините па вратете да се допече уште 7 минути на 180 степени.

Кога ќе биде испечено тестото и јаболките, оставете го да истине.

Врз јаболките додадете го кремот од ванила и бадеми.

Уживајте во вкусот, едноставно е!

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....