12:42 - 4 ноември, 2026

РУСКА САЛАТА ПО ОРИГИНАЛНИОТ РУСКИ РЕЦЕПТ: Рецептот од 19 век се чувал во тајност, ќе се изненадите каква состојка содржи!

Оригиналната руска салата е создадена од Лусиен Оливие во средината на 19 век. Рецептот се чуваше во тајност со години, но кога помошникот готвач наводно го украл рецептот, оттогаш салата стана незаменлива во сите празнични прилики.

Инаку, затоа во Русија, руската салата се нарекува салата на Оливие, (по готвачот со белгиско потекло што ја измислил, а кој бил готвач на Ермитаж, еден од најпознатите московски ресторани).

Иако денес има десетици рецепти за руска слата, во кои се додава сè и сешто, од крем, сенф, бибер, сок од лимон, па дури и јаболко, наједноставната верзија на оваа салата е највкусна.

Еден од првите објавени рецепти за салата на Оливие од 1894 година гласи:

– половина лешник

– 2 компири
– 1 мала краставица
– 3-4 листови зелена салата
– 3 поголеми ракчиња
– 1/4 шолја аспик сечкан на коцки
– 1 кафена лажичка капар
 – 3-5 маслинки
– 1 1/2 лажици мајонез
Ќе забележите, таа е сосема поинаква од руската салата што ја знаеме денес и ја сакаме. Па, дури и Русите денес ја прават салатата Оливија по многу поинаков рецепт. 

Салатата на Оливие била заборавена до крајот на Втората светска војна, а на крајот на педесеттите години руските емигранти ја вратија во Русија – но, во многу изменет состав. Тоа е  разбирливо, бидејќи многумина не можеле да си дозволат салата со ракчиња, аспик… И така, руската салата од луксузна салата станала достапна салата за народот.

 

 

Слични објави

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.
Се вчитува....