5.8 C
Скопје
00:17 - 1 април, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОЛНЕТИ ПЕЧУРКИ: Решен проблемот за саботна закуска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи полнети печурки. Омилени по дома и се прават во различни варијанти.

Мартина Трајаноска
Мартина/Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • Свежи шампињони
  • кромид
  • сувомеснато
  • сирење
  • кашкавал
  • кисела или неутрална павлака

Подготовка:

Најпрво отстранете ги дршките од печурките. Исецкајте ги на ситни парчиња. Во тава кратко пропржете кромитче дури омекне и некое сувомеснато(може и без тоа), па додадете ги исецканите дршки од печурките. Јас обожавам кога додавам сирење посебно некое крем сирење(секако може и без сирење, буквално може да ставите сè што ви се допаѓа вам и на вашето семејство и да си направите некоја ваша комбинација. Додадете кисела или неутрална павлака и се убаво измешајте.

Печурките полнете ги со по 1-2 лажички од филот, па печете ги во загреана рерна на 180/200 С околу 20тина минути. Некоја минутка пред крај само додадете рендан кашкавал врз печурките и тоа е тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....