2.8 C
Скопје
17:12 - 22 декември, 2024

(РАЗГОВОР) УБАВИОТ ФЕНИКС ОД НАШЕТО СОСЕДСТВО, АНА БРЗАНОВА: Се борев со канцерот за секое ново утро, за непроживеаните најубави години, за сите убавини кои следат во животот!

Во што е посебна Ана Брзанова? Во многу нешта. На пример, во убавината, надворешната, и онаа – внатрешната. Во нејзината челична волја несвојствена за врсниците од 21.година. Во победничкиот дух, веројатно, генетски зацртан; во нејзиното разбирање за светот, иако потекнува од мал град на југот на нашата земја, сончевата Гевгелија, град од кој го наследила сонцето во себе, што секаде го носи. Во нејзината отвореност. Зрелост за разговор во „четири очи“ за кој е, многу веројатно, потполно свесна дека, преку него, ќе насочи кон себе уште стотици очи, ама, и усти. И има со што да ги замолчи. Ана е нашиот феникс. Нашата убавица од соседството, повторно родена за одново да победи, откако одлучно ѝ сврти грб на болеста, канцер на лимфните жлезди, која ѝ претеше дека ќе ѝ ја „искубе“ косата и ќе ја остави „коска и кожа“.

фото – приватна архива

За кратко време откако почна да се бавиш со манекенство, се закити со бројни интернационални титули. Што најмногу те привлече во оваа професија и што е потребно за успех надвор од границите на Македонија?

– Уште од мали нозе сум го сакала фотоапаратот и сум позирала на секоја слика. Отекогаш сум ја сакала оваа професија, меѓутоа не бев свесна за нејзината тежина и смисла додека не го започнав курсот за моделство и манекенство во 2017 година. Самиот курс ме направи уште поопсесивна по оваа професија при што, искрено, најмногу ми лежеше ‘„cat walk‘’ односно движењето на ревии, како што всушност ги започнав и своите први почетоци, на ревиите на Моден викенд Скопје (Skopje Fashion Weekend).

За било каков успех, па и за овој, потребно е вложување во себе. Така, и за успехот надвор од Македонија беше посветата да работам на себе, на своето движење, држење и изглед, како и усовршување на бон-тон. Ова ми овозможи да ја претставам Македонија во најдобро можно светло на интернационалните избори за убавина.

Во текот на твојата кариера на модел ти се случи страшна пресвртница во однос на здравствената состојба. Имено, се соочи со дијагнозата канцер на лимфните жлезди. Што оттогаш се промени во твојот свет, пред сè, во твојата глава?

– Нормално прво ми влезе во глава дека не знаеме што не очекува утре. Треба денес да го направиме она што го сакаме и тоа што нè исполнува, да ја зграпчиме секоја можна прилика и да ја искористиме. На тој начин и толку амбициозно во краток рок се појавив на бројни сцени додека сè уште сум студент и сум фокусирана на завршување на моите студии.

Млада и убава, а одеднаш се соочи со опаѓање на косата поради хемотерапиите, губење на килограмите… Што беше во тие мигови твојата светлина, водилка?

– Моите родители, но и самата јас. Се борев за нив, се борев и за самата себе. Тие беа и останаа најголемата поддршка во најтешките и најубавите моменти, мислам дека посветата да не ме гледаат таква без коса, анорексична, плачејќи од болки, беше мотивот да се борам и издржам. И нормално, се борев за секое ново утре, се борев за непроживеаните најубави години, се борев за сите убавини кои следат во животот.

Освен за себе, научи ли нешто повеќе во тие болни моменти, нешто повеќе и за пријателите, за околината, за блиските?

– Дефинитивно.

Втората лекција во тие тешки моменти е токму тоа, гледам и не ми се верува кој во најтешкото останал покрај мене, колку многу од тогашните „пријатели’’ се повлекоа, и колку од нив останаа. Нормално дека научив, и јас и моите родители, дека не секој ни мисли добро и дека не секој е вистински пријател и другар, дека не подаваат рака кога треба, туку земаат од нас само кога ним им треба.

Како болеста делуваше на твојата самодоверба, со оглед на тоа што се занимаваш со специфична професија во која убавината е во преден план. Најпосле, што научи за убавината во тој период? Што е убавина?

– И ден денес влијае на мојата самодоверба, со тоа што останав самокритична и имам голем недостиг на самодоверба, сето тоа започнувајќи со „патење“ од комплекси како ќе ја тргнам периката, кој ќе ме сака со лузни и таква слаба, меѓутоа, мојата самодоверба за мојата психичка стабилност е премногу голема, бидејќи знам колку тоа ми помогна и дека е главен фактор во сите наши битки. Искрено, многу одамна, се водев дека убавината не е надворешниот изглед, а тоа се докажа и преку мојата дијагноза. Својот 18ти роденден како и матурската вечер ги прославив со перика, и нормално анорексична, но сепак се чуствував убаво. Мојот личен став за убавината е дека ако ја бараме доволно напорно, можеме да ја најдеме во секого. Убавината е во окото на човекот, и кого ние го сметаме за убав ги одразува само нашите сопствени вредности!

За восхит е како твојот млад дух преку ова искуство се исчеличи. Денес, кога излезе како победничка, што би им препорачала на оние кои минуваат по патеката која ти ја минуваше?

– Никогаш не се откажувајте! Верувајте во себе, бидејќи сите можеме само доколку сме посветени на тоа. Главата горе, и бидете психички стабилни, тоа само ќе ве оддржува силни во цел период. Како викаат, сè се може ако се сака. Затоа никогаш не се откажувајте колку и да се тешки тие моменти, и сетете се дека секогаш после дождот доаѓа сонцето!

Како изгледаше твоето враќање на модната сцена. Дали беа тоа чекори како на детенце кое проодува, внимателно, или изгледаше поинаку?

– Mислам дека беа дефинитвно нестабилни чекори, поради мојата недоволна самодоверба околу физичкиот изглед. Но, за помалку од 10 месеци после хемотерапијата, успеав да се појавам на сцената надвор од Македонија, на интернационалниот избор Топ модел на светот, каде ја освоив и својата прва титула – Наjдобар модел во свечена тоалета. Тоа ми докажа дека сепак ништо не е променето и дека имам голема поддршка од луѓето кои останаа покрај мене.

Летово се закити со титулата Мис на Македонија и овој месец ќе ја претставуваш Македонија на Мис на земјата на Филипини. Ќе се одржи ли во живо овој престижен избор за убавина, поради пандемијата, и што очекуваш?

– Изборот веќе трае еден месец, онлајн, односно виртуелно, бидејќи имаат многу строги рестрикции на Филипините. Финалето е закажано на 21ви ноември виртуелно, а до сега ја претставив Македонија во повеќе натпреварувања, во „кежуал“ облека, во бикини, свечена тоалета, во спортска облека, натпревар за убавина на лице каде испративме видео од нас без шминка, и уште неколку кои можете да ги погледнете на официјалната страна на Фејсбук и на Јутјуб на каналот на Miss Earth. Се водам по тоа, никогаш да не очекувам ништо, бидејќи подобро да се изненадам отколку да се разочарам. Меѓутоа, навистина се надевам на добар пласман бидејќи знам колку напорно сум работела, колку вечери не сум спиела, и колку сум вложила во ова.

Работиш ли со тим за изборот, имаш ли поддршка, и морална и финансиска?

– Македонија последно се натпреваруваше во 2006., и оттогаш лиценцата за нашат држава ја немаше обновено никој. Оваа година, босанската организација за Мис на земјата ја зема лиценцата за целиот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Иако тие ја имаат лиценцата, сепак им е прва година да соработуваат со Македонија и немаат контакти овде, па јас сум оставена сама на себе. Немам поддршка, морална само од родителите и најблиските, а финаниска – сè е на мој товар. Од самото осмислување на проектите, барање локации, барање на оутфити, како и на фотографи, и плаќање на истите, се беше моја организација. Навистина ми е жал што ја немам поддршката од државата, а сепак, истата ја претставувам. Додека останатите учеснички од Јужна Америка и Азија се третирани како божици и за нив се „тепаат“ кој спонзор да ја земе, овде јас се молам некој да ми помогне. Секоја чест на минимални исклучоци кои ми излегоа во пресрет и соработувавме прекрасно.

Како си ја гледаш иднината, се гледаш ли себе како професионална манекенка, или во предвид имаш друга професија?

– Дефинитивно би сакала уште некоја година да поработам на ова, но како што веќе спомнав, истовремено студирам, оваа година ми е последна и сакам да го завршам факулетот, па постепено фокусот да се преобрати целосно на таа професија, односно околу финасиите и пронаоѓање соодветна локација за продолжување на мастер студиите надвор од нашата држава.

фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....