2.8 C
Скопје
21:22 - 18 декември, 2024

ПРВАТА ЖЕНА ГРАДОНАЧАЛНИК во Авганистан сама на брод што тоне, а сите други избегале!

Во страв го чека својот крај: „Седам со маж ми и знам дека ќе дојдат и ќе ме убијат“.

Високи членови на владата успеале да избегаат од Авганистан, но Зарифа Гафари и луѓето како неа останале без помош и во страв за сопствениот живот, пренесува „Inews”.

Кога Зарифа зборуваше за странските медиуми од својот стан во Кабул пред само три недели, се надеваше дека таа и нејзината земја имаат иднина.

Во неделата, додека Талибанците се подготвуваа да ја преземат контролата над главниот град по напредувањето ширум Авганистан, таа чекаше исламските милитанти да дојдат и да ја убијат.

„Седам тука и чекам да дојдат. Не постои никој кој би можел да помогне, и мене и на моето семејство. Само седам со нив и со сопругот. И тие ќе дојдат по мене и луѓето како мене и ќе не убијат. Не можам да го оставам своето семејство. А и да можам, каде би заминала“, заплака.

Во тој момент рекла дека веќе не може да зборува.

Госпоѓа Гафари (27) станала позната во 2018 како најмлада и прва жена градоначалничка во Авганистан во провинцијата Мајдан Вардак. Талибанците секогаш се колнеле дека ќе ја убијат оваа жена зашто била остар критичар со политичко влијание. Нејиниот татко – генералот Абдул Васи Гафари бил убиен во ноември минатата година, само 20 дена по обидот да ја убијат и неа, по третпат.

Со повторното појавување на Талибанците и фактот дека таа е истакната јавна личност, г-ѓа Гафари доби работа во Министерството за одбрана во Кабул, што значеше одговорност за благосостојбата на војниците и цивилите повредени во терористички напади.

Пред само три недели, г -ѓа Гафари веруваше дека има надеж: „Младите луѓе се свесни што се случува. Имаат социјални мрежи, комуницираат, мислам дека ќе продолжат да се борат за напредок и нашите права. Мислам дека оваа земја има иднина “.

Кога главниот град почна да паѓа, високи членови на владата успеаја да избегаат од бродот што тоне. Но, г -ѓа Гафари и луѓе со слични позиции како неа, немаат каде да се сокријат.

„Мислевме дека Кабул нема да падне во рацете на Талибанците“, рече Фарзана Кочаи, авганистанска пратеничка. Таа додаде дека десетици илјади семејства побегнале во Кабул заради сигурност, а сега живеат на улица и во паркови. „Ако моќта се префрли од владата на бунтовниците, тие семејства ќе мора да се вратат во своите домови и да живеат под талибанска власт“, ​​рече таа.

Главниот портпарол на талибанците Забихула Муџахид во неделата вети дека животот на жените и противниците ќе бидат заштитени. Порачаа дека ќе понудат „амнестија“ за оние кои работеле со авганистанската влада или странските сили.

„Ничиј живот, имот и достоинство нема да бидат повредени, а животите на граѓаните на Кабул нема да бидат загрозени“, рекоа.

Меѓутоа, веќе постојат докази за убиства од одмазда и други брутални тактики во области на Авганистан кои веќе групата ги презела, а сега сака да го утврди своето преземање на Кабул.

Новата авганистанска влада предводена од Талибанците се очекува да ја преземе власта за неколку дена.

Талибанците инсистирале на тоа да бараат мирен пренос на власта и ветиле амнестија за сите кои соработувале со авганистанската влада и со странските сили. Но, таквите уверувања наишле на длабоки сомнежи поради стравувањата дека тие ќе се вратат на тврдата политика што ја водеа пред да паднат од власт во 2001 година, што вклучува и сузбивање на правата на жените.

фото Зафира Гафари Фејсбук

извор – Inews

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....