3.8 C
Скопје
18:54 - 18 декември, 2024

НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА: Како сиромашната девојка од проблематично семејство стана милијардерка на само 33 години

Како што неодамна објави Форбс, планетарно популарната Ријана стана најбогата музичарка, а по Опра Винфри – втора најбогата жена во забавната индустрија. Успехот е уште поголем бидејќи Ријана порасна во родниот Барбадос во многу скромни услови, доживувајќи семејно насилство и малтретирање од врсниците на училиште. Но, ако тогаш не добиеше „дебела“ кожа, убедена е Ријана, немаше да може да ја поднесе славата што следеше.

Ријана се проби на музичката сцена како 17-годишна во 2005 година со објавувањето на хитот „Pon de Replay“. Оттогаш, светот го следи нејзиниот подем во една од најуспешните жени во светски ранг, но таа не стана милијардерка благодарение на музиката, туку со влегување во индустријата за убавина и мода.

Ријана не зборуваше често за својот приватен живот пред да стане толку славна, но едно е сигурно – нејзиниот успех беше загарантиран без семејни врски и без познати родители. Всушност, Робин Ријана Фенти пораснала во не баш идилични услови, соочена со најразлични проблеми, но тоа ја направи посилна – токму нејзиното минато ја направи тоа што е таа денес.

Татко алкохоличар, продава облека на улица 

Во домот на семејството Фентис често владеела напната атмосфера поради проблемите на таткото на Ријана со зависноста од алкохол. Тој како што ја зимал платата, ја „пиел“.

„Моите родители имаа многу насилна врска бидејќи татко ми беше насилник. Ја удираше мајка ми од различни причини, и не сакам да кажам дека тоа беше нормално за нас, но не бевме изненадени кога тоа ќе се случеше. Никогаш не отишла во болница бидејќи семејното насилство не е нешто што сакате никој да го знае “, рече Ријана за ABC News.

Иако мајката била главната жртва на насилното однесување на нејзиниот татко, Ријана се присети како самата била казнета кога сакала да остане 10 минути подолго на плажа.

„Ми удри толку силен шамар. Трчав дома со неговиот отпечаток од раката на лице. Не можев да поверувам. Мајка ми го виде моето лице и колку бев трауматизирана. Кога знаете дека сте направиле нешто погрешно, знаете дека заслужувате казна, но ова се случи без причина “, изјави Ријана за „Ролинг Стоун“.

Воспитана како најстаро дете во семејството, Ријана се здоби со добра основа за независност, а нејзиниот насилен татко, со кого повремено продавала облека на улица, бил делумно одговорен за развој на нејзиниот претприемачки дух.

„Тој ме научи да рибам, да пливам, да трчам, да возам. Навистина ме направи тврда “, рекла Ријана.

Распаднато семејство

Зависноста од алкохол и дрога за жал имала значително влијание врз младешкиот живот на Ријана, и најпосле довела до распаѓање на семејството. Роналд Фенти трошел пари за алкохол дури и тогаш кога немало во куќата ништо да се јаде. Во една прилика додека биле на семејна прошетка, еден човек спиел на тротоарот, па нејзината мајка и рекла на Ријана дека нејзиниот татко ќе заврши така. Ова го натерало да го промени своето однесување.

На крајот успеал да ја надмине зависноста, но тоа го чинело растурен брак и раскинати односи со своите деца. „Морав да се ослободам од дрога поради моето семејство, но некако ги загубив“, своевремено рече таткото на Ријана.

Ни во училиште не ѝ било лесно. Нејзиниот татко потекнувал од сиромашна ирска заедница, чии членови честопати биле нарекувани со погрдни имиња. Нејзиното презиме Фенти било вообичаено за оваа група луѓе. Идната музичка ѕвезда, исто така, имала посветла нијанса на кожа,  па иако пораснала во духот на таа култура, на училиште ја нарекувале „бела“. Ја задевале во текот на школувањето, па често влетувала и во тепачки.

-Оваа дебела кожа се развиваше уште од мојот прв ден на училиште. Таа не дојде со славата, бидејќи нема да можев да ја преживеам славата ако ја немав претходно дебелата кожа, реклаРијана за Харперс Базар во 2015 година.

Музички почетоци

На 14 -годишна возраст, кога нејзините родители се развеле, Ријана развила страст за реге музиката и наскоро формирала мал бенд со своите соученици.

Во летото 2003 година, на одмор на Барбадос дошол американскиот текстописец и продуцент Еван Роџерс, чија сопруга била пријателка на еден од пријателите на Ријана. Ријана и нејзината мала група биле поканети на аудиција во хотелскиот апартман на Роџерс.

Моментот на средба со Ријана и нејзината харизма бил врежан во сеќавањето на Роџерс. „Штом Ријана влезе во собата, другите две девојки се чинеше дека не постојат. Си реков „ако уште знае и да пее, тоа ќе биде полн погодок“, се сеќава подоцна на неговата прва средба со Ријана.

Тогаш Роџерс бил толку воодушевен од 15-годишната Ријана што се договорил со нејзината мајка да ја испрати нејзината ќерка во Конектикат да сними демо со четири песни. Таа останала со семејството на Роџерс.

„Заминувајќи од Барбадос, не погледнав назад. Сакав да научам што треба да правам, дури и ако тоа значи преселба во Америка “, се присети подоцна Ријана.

Почеток на славата

До декември 2004 година, таа го снимила хитот „Pon de Replay“. Тогаш раперот Џеј Зи ја поканил Ријана во Њујорк.
Кога ја видел како настапува, му биле потребни две минути за да сфати дека има ѕвезда пред себе. Тој потпишал договор со неа буквално на лице место, а Ријана чекала во неговата канцеларија до 3 часот наутро, адвокатите да потпишат договор за идната ѕвезда за шест албуми со издавачката куќа на раперот.

Таа добила договор за кој дотогаш можеше само да сонува. До 2006 година, таа го издаде својот втор студиски албум, се најде на табелата Билборд Хот 100 и остана таму три последователни недели. Третиот албум објавен следната година го освоил второто место во САД и Австралија, а првото место во Бразил, Канада, Ирска и Велика Британија.

Во мај 2007 година, таа го издаде четвртиот албум кој досега е продаден во повеќе од 9 милиони копии. Наскоро следуваа синглови со Еминем, вклучувајќи го и мегахитот „Love the Way You Lie“, кој се продаде во повеќе од 12 милиони копии само во САД, и стана најпродаван сингл на Еминем на сите времиња.

Ријана стана барана ѕвезда, започна да снима филмови, и се отворија многу други можности, како на пример, да се појави на полувремето во Супербоул, што таа го одби.

Злоставување од дечко ѝ

Во февруари 2009 година, одекна низ светот веста за злоставување од тогашното момче Крис Браун. Во медиумите се појавија и фотографии од деформираното лице на Ријана, а приказната за насилство врз славната пејачка ја објавија бројни светски медиуми, поради што Ријана со месеци се повлече од јавноста.

Меѓутоа, во тоа време кружеа и некои гласини, а некои од нив ги рашири нејзиниот проблематичен татко по инцидентот со Крис Браун.

„Отиде на печатот и им кажа еден куп лаги. Никогаш не се јави да ме праша како сум, дали сум жива. Ништо! И потоа отиде директно кај новинарите и доби чек “, изјави Ријана за„ Вог “. Роналд Фенти продолжи да ги продава неговите озборувања за својата позната ќерка.

Патот до милионите

Досега Ријана продаде повеќе од 60 милиони албуми и освои 8 Греми. Според „Билборд“, со објавувањето на нејзиниот последен албум „Анти“ од 2016 година, таа заработи 2,5 милиони долари и 7,6 милиони долари со продажба на музика. Повеќе од 140 милиони американски долари ѝ донесе светската турнеја „Дијамантс“ во 2013 година, а во пресрет на светската турнеја „Анти“ во 2016 година, таа потпишала спонзорски договор од 25 милиони долари со „Самсунг“.

instagram

Иако не прифати се што ѝ беше понудено, Ријана ги прифати примамливите деловни понуди што беа на масата, па во 2017 година го лансираше козметичкиот бренд Fenty Beauty, а подоцна и компанијата за долна облека Savage x Fenty.

„Поголемиот дел од нејзиното богатство, проценето на 1,7 милијарди долари, доаѓа од вредноста на Фенти бјути. Голем дел од остатокот богатство лежи во нејзиниот удел во компанијата за долна облека Savage x Fenty, проценета на околу 270 милиони долари и нејзината заработка во кариерата на успешен музичар и актерка “, објави Форбс неодамна.

Слични објави

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....