8.8 C
Скопје
16:49 - 19 февруари, 2026

МОДНА СОРАБОТКА: Едвај ја чекаме колекцијата на H&M и Ајрис Апфел

Модниот гигант H&M точно знае што прави – следната модна пролет вниманието го свртува кон своите продавници, нудејќи ни неверојатна колекција дизајнирана во соработка со 100.годишната модна икона Ајрис Апфел.
Instagram

За оние кои се прашуваат дали животот во одреден момент престанува да ни приредува изненадувања, легендарната Ајрис Апфел го има одговорот: не, бидејќи на 100 години сè уште можете да лансирате своја нова линија облека во соработка со моден гигант, како што е H&M.

Колекцијата за пролет 2022 ќе биде во продавниците на H&M низ светот (штета што ја немаме оваа модна марка кај нас!), насловена како Iris Apfel x H&M. На тој начин модниот гигант ќе оддаде почит кон 100от роденден на саканата муза  Ајрис, која со децении ги инспирира фановите.

Жената која сака да се дефинира себеси како „најстара тинејџерка во светот“ е глобално позната по својот ексцентричен излег, но и по радоста што ја носи со модните комбинации кои ги избира, предимензионираните очила и беспрекорното чувство за стил.

Колекцијата Iris Apfel x H&M ќе вклучува асортиман полн со изненадувања дизајнирани за секого, вклучувајќи ексцентрични модни парчиња и додатоци создадени со доза на дрскост и голема доза на слобода, диектно од умот на Ајрис.

Сите материјали што се користат во колекцијата се рециклирани или пак, се од еколошко производство.

„Мислам дека брендот H&M е прекрасен и апсолутен пионер во својата област, затоа и го сакам!“, рече Ајрис Апфел за соработката.

„Ајрис го отелотворува личниот стил, има прекрасен светкав и еклектичен вкус, но и мотото дека таа нема возраст. Таа покажува што претставува модата: средство за да се изразиш себеси, својата личност додека се забавуваш – таа е вистински креативец!“, коментираше Ен-Софи Јохансон, креативен советник во H&M.

Колекцијата ќе биде достапна во продажба на почетокот на 2022 година. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....