-3.2 C
Скопје
00:54 - 18 декември, 2025

МЕГАН МАРКЛ НЕ ВЛЕЗЕ ВО КОНКУРЕНЦИЈА; КРАЛИЦАТА НЕ Е ПРВА, АНКЕТАТА ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ: На кој женски лик најмногу му се восхитувате?

На кралицата Елизабета најмногу ѝ се восхитуваат во светот?! Но, само после Мишел Обама и Анџелина Џоли.

Во големото истражување на најпопуларни личности во 38 земји, кралицата Елизабета не успеа да стаса на првото место. А Меган Маркл не ни влезе во рангирањето!

Прашањето што го постави британската агенција YouGov на примерок од над 42.000 луѓе распространети низ 38 земји, од Колумбија до Египет, од Пакистан до Филипини, беше прилично едноставно: на кој женски лик најмногу му се восхитувате?

Кралицата Елизабета (95) е единствената членка на британското кралско семејство која се позиционирала на листата на 20 најпопуларни жени на планетата. Макар, и „само“ на трето место.

Можеби ќе се изненадите но британската кралица беше претркана од поранешната прва дама Мишел Обама (57), која го држи рекордот трета година по ред; и актерката/активистката Анџелина Џоли, (46).
Кралицата Елизабета, сепак, може да се утеши ако го прочита името на личноста која се позиционирала после неа: моќната Опра Винфри.
 
Меѓу другите жени на посакуваната листа – како Скарлет Јохансон, Ема Вотсон, Тејлор Свифт, Ангела Меркел, Малала Јусафзаи и Пријанка Чопра – изненадувачки недостасува важно име: она на амбициозната Меган Маркл (40), која во јануари 2020 година го напушти британскиот двор за да биде инфлуенсерка со полно работно време.
Што е пак, со нејзиниот сопруг Хари? Ниту името на принцот не се најде на листата на мажи на кои најмногу им се восхитуваат, а на оваа листа Барак Обама го обезбеди првото место. По него – претприемачот и филантроп Бил Гејтс и кинескиот премиер Кси Џинпинг.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....