3.8 C
Скопје
22:30 - 20 декември, 2024

(КОЛУМНА) ВЕДРАНА РУДАН: Понуда која не се одбива

ведрана рудан

Хрватската писателка Ведрана Рудан објави интересна колумна на својот блог насловена „Понуда која не се одбива“. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост: 

„Љубов“, му реков на мојот сопруг додека гледаше партија снукер. Не ме слушна затоа што е глув, година и седум месеци чека за преглед. „ЉУБОВ!“, „Зошто викаш?“. Му подадов чаша бело вино. Се вика Кристијан и уште нешто, шише од 510,50 куни. Купено на картичка.

„Љубов“, го погледнав во очи. Ја помириса чашата. „Добивме понуда која не се одбива“. Во неговите очи се криеше досада. Беше немирен. Наскоро тие кретени со палки требаше да тргнат во нова рунда туркање на топки во дупките. Го исклучив телевизорот. Ако мојот сопруг беше насилник, ќе ми ја скршеше главата. Мојот сопруг не е насилник. Ме удави со поглед.

„Слушај, утрово сврати дедото на Тара“, „Која е Тара?“, „Тара е најдобрата другарка на нашата внука“, „Аха“. Гледаше кон екранот онака како што нашите политичари гледаат во црта кокаин или во пи*ката на своите „соработнички“.

„Ни даде понуда што не можеме да ја одбиеме“. „Дедото на малава?“. Виното му се спушташе низ грло. Погледнав во неговиот врат. Мојот сопруг е многу помлад од мене, сите се помлади од мене, но тој е стар. Следната година оди во пензија. Ние не сме политичари, немаме заштеда на сметка. Од имот, кога го зборував тоа, имавме куќа, деца и минус во банка.

„И? Што вели дедото? Како е неговата простата?“. Мојот сопруг знае дека луѓето, пет минути поткако ќе се сретнат со мене, ми раскажуваат за нивните животи и за нивните здравствени проблеми. Сакам медицина. Ќе бев лекарка да не родев во четврта година од средно училиште. Станав учителка. Пензијата ми е 340 евра. Имаме врска во Пензиско, па знаеме дека на маж ми пензијата ќе му биде 330 евра.

„Дедото на Тара, се вика Данко, има феноменален предлог за нас“. Во меѓувреме го вклучи телевизорот. Мажите во црни панталони туркаа шарени топки. Сопругот преку „Вајбер“ се допишуваше со својот пријател од Белград, кој исто како него е опседнат со дупки на голема маса.

„ДЕДОТО НА ТАРА НИ ПОНУДИ 200 ИЛЈАДИ ЕВРА! ИСКЛУЧИ ГО ЕБАНИОТ ТЕЛЕВИЗОР! ИСКЛУЧИ ГО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН!“. Конечно ме погледна како да сака да ме види. Испив чаша вода и реков: „Дедото на Тара е еден од најбогатите луѓе во Хрватска. Неговата внука мисли дека нашата куќа е најубава на светот“.

Мојот сопруг ме погледна тапо. Не е првпат откако сме заедно. „Таа бара од нејзиниот дедо да ѝ ја подари куќата за нејзиниот десетти роденден. Ми рече: „Госпоѓо, ќе ви дадам 200 илјади евра за вашата куќичка и право на доживотно уживање на истата. Ќе платам за одржување. Знам дека не ја продавате, но Тара е упорна, само тоа го сака, има време да чека“.

„За чие доживотно уживање?“, прашав. „Јас сум многу постара од мојот сопруг. Кога ќе умрам, каде ќе оди? Во домовите за стари лица, старците или горат живи или ги касаат стаорци… „Госпоѓо, ја нудам вашата куќа за доживотно уживање вам и на вашиот сопруг. Јас сум фер играч“. „Кој ќе го плати данокот?“. „Ќе ги сносам сите трошоци. Малата е луда по куќата. Позицијата е феноменална, дворот огромен, мојата Тарица има добро око. Зборувајте со вашиот сопруг“. „Куќата вреди дупло повеќе“. „Госпоѓо, некаде во градот може да се најде дупка за 100.000 евра, ќе ви останат триста, вашите деца ќе земат триста, ќе ви останат минусите, ќе живеете во дупка ако ја преживеете селидбата. „Барам 220 илјади евра“, реков, „животот е сè поскап“. „Во ред, госпоѓо, но ова е мојата последна понуда“. Ете.

„Дали си нормална“, ми рече сопругот. Цел живот ми го поставува тоа прашање. Со право. Да бев нормална немаше да живеам со него. За среќа, кога нешто ќе му нацрташ, понекогаш разбира. Одиме, ајде, да пресметаме. Кога ќе се пензионираш ќе имаме 670 евра пензија, ако има пензија. Веќе трошиме илјада куни за лекови, преглед на приватно не можеме да платиме, 15 минути 500 куни. Не знам колку чини одржување стар автомобил, регистрација и слично. Ќе мора да се откажеме од автомобилот. И новиот покрив.

И греењето. И облеката. И кафето. И виното. И лекарот. И лековите. И здравата храна. И лошата храна. Ќе мораме да се откажеме од животот и ќе бидеме живи. „Договорено“. Мој човек. Му го вклучив телевизорот.

Од вчера сме бездомници. Децата не знаат ништо. Ќерка ми пред половина час ми рече „Мамо зошто го вклучи парното? Сè уште е топло“. Го исклучи греењето. „Кој ќе плати за плин?“.

Ништо не ѝ реков. Замина. Го вклучив парното на најјако. Топлината влегува во моите коски. Седам на каучот и ги гледам цвеќињата во мојата доживотна градина.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....