2.8 C
Скопје
16:56 - 22 декември, 2024

(КОЛУМНА) БЕЛИТЕ ВЛАКНА НЕ ГИ ДАВАМ: Најголемото „гајле“ на мојата нова фризерка

фризура

Беше поприлично хаотичен ден од моментот кога се разбудив. Замајана од лошиот сон набрзина се облеков и излегов од дома.

Почнував покасно со работа, па утрото решив да го поминам со себеси. Бесцелно шетав по сончевите улици на градот. Мојата прошетка на крај ме однесе до пазарче, изнакупив овошје и зеленчук и натоварена како камила тргнав накај дома.

Безволно влечкајќи се накај дома, забележав една реклама од фризерски салон „Лиле“. Под Лиле со дречлива боја стоеше контакт телефон. „Уф“, си помислив „Добро би било да си ја скратам косата“. Застанав, ги спуштив торбите и го запишав бројот.

Ќе ѝ се јавам на Лиле. Стигнав дома, ама како да сум си ставила аларм во главата. Лиле. Се јавив. Имаше толку мил глас, што и да ми кажеше дека има слободен термин само во 5 сабајле, ќе ми одговараше. Ја слушав Лиле додека хаотично буричка низ тетратките низ списоците барајќи слободен термин.

„Извинете, денес сум малце хаотична“, ми вели. „И јас Лиле, и јас“, си велам во себе. Ми најде термин.

Отидов петнаесетина минути порано. Кога влегов, едно слабо жениче со перфектно средена коса фенираше една госпоѓа. Ме поздравија и двете. Лиле не ми обрнува внимание, беше фокусирана на прибирливата Жане, лекарка во пензија.

„Лиле, молим те повтори ми го ова праменче“, ѝ вели Жане. Лиле молчаливо повторуваше. Кога заврши, Жане тргна по својата гламурозна бунда, потпевнувајќи си некое шлагерче што течеше на радио.

„Лиле се слушаме од понеделник, ги чекам децата да дојдат, морам да се средам“, вели Жане, чиј синови секако, се лекари кои живеат и работат во Словенија.

Жане ѝ остави голем бакшиш на Лиле, која веројатно си беше навикната, па воопшто не се изненади од дарежливата муштерика.

„Ајде мила“, ме повика мојата нова фризерка, покажувајќи кон проклетото неудобно столче за миење коса. Го мразам тоа столче, секогаш кога одам на фризер потоа пет дена ме боли вратот.

Енергично ми ја миеше косата. Сфатив дека така ја канализира нервозата од претходната муштерика. Ми раскажа дека со години си работи сама и дека ѝ е убаво, барем со никој не мора да се расправа околу изборот на музика. Лиле имаше омилено локално радио на кое му била верна уште откако си го отворила салонот.

Салонот си го отворила и уредила сама, откако решила да се збогува со еден познат фризер во градот на кој му била помошничка со години. Салонот на Лиле личеше на аптека. Беспрекорно чист, се си беше на свое место. Мала гарнитуричка со женски списанија, пулт за наплата, две столици.

„Се викам Лилјана, ама муштериките ме завикаа Лиле и да ти кажам така си остана“, ми вели Лиле која била фризерка повеќе од триесет години.

Зборувавме за должината, формата, бојата и секако за белите влакна поради кои Лиле не ме судеше, ама ми предложи следен пат да правиме праменчиња.

„Можеее“, ѝ велам сакајќи само да ја сменам темата.

Лиле како и повеќето фризерки, о б о ж а в а да збори. Скрати, зборни. Се обидуваше да го надмине и звукот на бучниот фен. Само климав со глава, иако ништо не ја слушав.

„Ќе ми текне… Која генерација си? Млада си ма за волку бели влакна“, ми вели.

Лиле.

Се прашувам дали фризерките не сакаат кога ќе видат бели влакна низ косата на муштериките, дека преку тоа се гледа колку „се грижи“ нивниот фризер, или е навистина срамота да шетам вака?

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....