18:24 - 2 април, 2026

Зеленски: САД го потврдија испраќањето на ракетни фрлачи Химарс; Москва: Ќе реагираме

„Украинските сили постигнаа некои успеси во борбата против Русите во градот Северодонецк, но општата воена ситуација во регионот на Донбас не е променета во последните 24 часа“ – рече претседателот Володимир Зеленски во новата видео порака објавена вчеравечер.

Украинскиот лидер, објавија локалните медиуми, му се заблагодарил на американскиот претседател Џо Бајден за ветувањето за ново оружје и рече дека „очекува добри вести и од другите партнери“.

„Соединетите Држави потврдија дека модерни повеќекратни ракетни фрлачи Химарс ќе бидат испратени во нашата земја. Ова оружје ќе ни помогнат да ги спасиме нашите животи и да ја заштитиме нашата земја. Благодарен сум на претседателот Бајден, на сите наши американски пријатели и на народот на Соединетите држави за нивната поддршка“, рече Зеленски, додавајќи дека „денес добивме нов пакет одбранбена помош од Шведска“.

Москва пак, веднаш испрати одговор. „Смртно ќе ги нападнеме одлучувачките центри доколку Киев го употреби оружјето добиено од САД против руските територии“, изјави заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев. Ако ваквите видови оружје се користат против руските територии – додаде тој – вооружените сили на нашата земја нема да имаат друг избор освен да дејствуваат за да ги поразат центрите за одлучување.

Разузнувачи од САД: Путин има рак во напредна фаза, веќе е опериран; и „сè повеќе е параноичен“ зашто „крајот му е близу“

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....