8.8 C
Скопје
14:48 - 28 март, 2026

Вучиќ: „Погрешив во прогнозите за одбрана на Херсон од страна на Русија“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека погрешил во предвидувањата за одбраната на Херсон. Неговите зборови по разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз ги пренесува руската новинска агенција ТАСС.

„Мислев дека Русите ќе дадат поголем отпор во близина на Херсон, очигледно згрешив“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека ова и покажува на Србија потребата да разбере дека самата земја мора да „создаде своја иднина“ и „да се грижи за неа“.

„Во воена смисла, ние мора да се грижиме за себе ако сакаме да ја одржиме нашата воена неутралност“, рече српскиот лидер.

Пред ова, Александар Вучиќ изрази мислење дека евентуалната битка за Херсон ќе биде одлучувачка во конфликтот во Украина.

Тој истакна дека двете страни ќе користат илјадници тенкови и авиони, како и дека ќе користат артилерија во оваа битка. Според него, Западот верува дека во оваа конфронтација ќе успее да ја уништи Русија, но Москва е убедена дека е можно да го одбрани она што го освои порано.

Слични објави

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.
Се вчитува....