14:56 - 1 април, 2026

(Видео) Моќен тајфун ја погоди Јапонија, евакуација на милиони луѓе: Еден мртов, педесет повредени и еден исчезнат од минување на тајфунот

Милиони луѓе во Јапонија беа предупредени за евакуација поради пристигнувањето на тајфунот Нанмадол кој донесе силни ветрови и обилни дождови во југозападниот дел на земјата по „удирањето“ во текот на ноќта.

Моќниот тајфун ослабе откако синоќа го допре копното во близина на градот Кагошима во југозападниот регион Кјушу, но сепак корнеше дрвја, уништи врати и прозорци на бројни домови и предизвика излевање на реки.

Според националната телевизија NHK, едно лице загинало, а други 50 се повредени додека невремето го зафати Кјушу. Властите веднаш не ги потврдија бројките. Премиерот Фумио Кишида, кој денеска требаше да замине на Генералното собрание на ОН, ќе го одложи своето еднодневно патување за да провери дали има штета од невремето, потврдиле од неговиот кабинет.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....