6.8 C
Скопје
09:34 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) Местото каде што ѕвездите „отвораат душа“: Панчо – ДНК во „Ништо лично“

За оние најблиските кои најдобро го познаваат само обично момче со име и презиме Владимир Блажев. За оние помладите вљубеници во ноќниот живот, лудите журки, дискотеките и клубовите, познат как ДЈ Шорти, кој прекарот си го дал како пародија на сопствениот физикус. За сите оние кои ја следат македонскат естрадна сцена веќе 20 години познат како Панчо од ар-ен -би дуото „ДНК“.

Искрен на зборови со отворена душа која не трпи неправди и бурно реагира на истите, со широко срце подготвено секому да помогне, олицетворено во бројните хунмани акции што со својот компањон Андреј ги прават надвор од музиката, Панчо е не само ѕвезда која постојано блеска додека другите трепкаат, туку и другар, пријател,роднина, сосед… каков што само можете да посакате.

За првата љубов – кошарката, улицата и маалата во неговиот Аеродром, за сиромаштијата во која растел и живеел со неговата мајка, за музиката, славата и популарноста, за врвот и дното на естрадата, за фудбалот и пријателите во репрезентацијата, за социјалните мрежи, лажните инфлуенсери и нивните бројки без значење, за Андреј, ДНК и нивните две децениизаедничка работа, за концертот што претстои по повод јубилејот, за сето она што некогаш бил, е и допрва ќе биде и уште многу тоа слично… Само на едно место и никаде повеќе: Во „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски и неговиот нов гостин, Панчо – ДНК.

Оваа среда, во 20.30 часот само на Јутјуб каналот на „Еспресо“. Гледајте не…

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....