9.8 C
Скопје
22:08 - 19 февруари, 2026

(Видео) Дизајнерот Грабулоски му подари уникатни патики на Пендаровски

Дизајнерот Сатја Грабулоски му подари на претседателот Стево Пендаровски рачно дизајнирани уникатни патики.

Патиките од марката „најки” се специјално изработени за Пендаровски, а на нив се нацртани Македониумот и претседателскиот грб.

– Специјалните патики се дел од изложбата „Зад Македониумот” што се отвори вчера попладне во претседателската палата, а на која ќе може да се видат скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на еден од најпознатите споменични обележја во земјава, Македониумот во Крушево, велат од Кабинетот на претседателот на државата.

Во обраќање на отворањето, претседателот Пендаровски посочи дека благодарение на семејството Грабулоски, на Лира Грабул и Сатја Грабулoски, може да се видат интимните и детаљни творечки процеси, повеќеслојните наративи, визии, дилеми и перспективи кои се одвивале при уметничкото и архитектонско осмислување на „Македониумот”.

– Споменикот на Илинден во Крушево, познат како Македониум, е несомнено најкомплексното и би се осмелил да кажам, најрепрезентативното скулптурално-архитектонско дело кое е возвишен израз на нашата современа уметност, култура и архитектура, вели Пендаровски.

Изложбата во Кабинетот на претседателот се организира по повод одбележувањето 31 година независност на Македонија и преку неа се претставуваат значајните дела од богатата современа македонска културно-историска ризница.

Изложбата „Зад Македониумот” ќе биде отворена до 30 септември, а посетителите ќе може да ја видат со претходно закажување за влез во претседателската вила, преку платформата Отворен кабинет.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....