7.8 C
Скопје
21:29 - 13 март, 2026

Руне ја однесе победата, Ѓоковиќ овациите – погледнете како поразениот Ноле ја освои публиката ВИДЕО

Данскиот тенисер Холгер Руне е победник на Мастерс турнирот во Париз.

Овој млад 19-годишен тенисер во финалето по голема борба и повеќе од 2,5 часа игра со 2:1 во сетови го совлада Новак Ѓоковиќ.

Новак го доби првиот сет со 6-3, но во вториот сет Руне го повтори истиот резултат во своја корист (6-3).  Решавачкиот трет сет кој траеше 1 час и 13 минути, го доби Руне со 7-5 за само трет негов трофеј во Мастерс серијата.

Руне го заврши својот настап во Париз. Тој успеа за пет дена да победи петмина тенисери кои се наоѓаат во ТОП 10-те на АТП листата, на која Руне во моментов е на 19 место.

Српскиот тенисер и покрај поразот ја задржа насмевката и по самиот меч, а особено се радуваше на младиот Данец за кого е пример и идол. Руне стигна до мрежата, дотрча до Новак, кој го прегрна, го потапка по рамото со искрена насмевка.

„Среќен сум поради тебе, го сакам твојот карактер, мислам дека си посебен дечко кој го сака тенисот и кој вложува многу часови во тешки тренинзи за да успее. Светла иднина секако има пред тебе и пред твојот тим, секоја чест“, порача Ѓоковиќ, а тоа предизвика овации од трибините

Слични објави

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо

Нивес Целзијус откри дали била љубовница на поранешен „Ватрен“: „Во приказната беше вмешана и една Северина“

Е.А.

Последна информација за состојбата на Зорица Брунцлик: Откриени најновите вести по операцијата 

Е.А.

„Вози Мишко“: Стигнале понуди за автобусот од култниот филм, сопственикот засега не прифаќа ниту една

Еспресо

Ѓани е итно опериран, вградени му се пет стентови: „Резултатите не беа добри“

Еспресо

Пукна љубовта меѓу светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис и атрактивната португалска глумица

Еспресо
Се вчитува....