16:56 - 7 ноември, 2026

Путин: „Русија под санкции нема да се врати две децении назад како што ни посакуваат, напротив“

Русија под санкциите нема да се откаже и, згора на тоа, нема да се повлече во својот развој како што предвидуваат злонамерниците, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти.

Тој го привлече вниманието на фактот дека против Руската Федерација „намерно денес не се користат само ограничувања, туку речиси целосно затворање на пристапот до странски високотехнолошки производи“. Истовремено, додаде шефот на државата, станува збор за технологии кои добија глобален карактер и се основа за прогресивен развој на секоја земја во современиот свет, пренесува руската новинска агенција Тасс.

„Токму тука се обидуваат да ни постават пречки за да го ограничат развојот на Русија. Јасно е дека ова е огромен предизвик за нашата земја, но ние не само што нема да се откажеме и немда бидеме во некаква конфузија како што ни посакуваат нашите злонамерници кои предвдидуваат дека ќе се вратиме неколку децении наназад, но се разбира не – напротив“, нагласи Путин.

Русија не може да биде откорната од целиот свет оградувајќи се од него со „огромна ограда“, рече претседателот на Русија.

„Јасно е дека не можеме да се развиваме изолирано од целиот свет. Но, тоа нема да се случи. Во современиот свет, вака е невозможно – да се воведе кружница и да се постави огромна ограда. Тоа е едноставно невозможно“, нагласи Путин, а пренесува Тасс.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....