9.8 C
Скопје
21:29 - 14 март, 2026

Путин потпиша декрет за месечна помош на бегалци од ДПР, ЛПР и Украина

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се обезбедуваат социјални плаќања за луѓето кои беа принудени да ги напуштат Доњецката и Луганската народна република, како и Украина и кои пристигнаа во Русија. Ова ги вклучува пензионерите и инвалидите.

Станува збор за граѓани пристигнати по 18 февруари. Плаќањата ќе бидат извршени на 1 јули.

Месечната пензија за бегалците ќе биде 10.000 рубли (166 евра). Истата сума ќе биде и за исплата на инвалидите. Плаќањето на ветераните од таканаречената Голема патриотска војна ќе изнесува 5 илјади рубли.

Дополнително, се обезбедува дополнителна исплата на наведените плаќања за лица со посебни потреби од првата група, деца со посебни потреби и граѓани од 80 години и постари во износ од 3 илјади рубли.

Износот на паушалната исплата на бремени жени кои биле принудени да ги напуштат овие територии ќе биде 10.000 рубли, при раѓање на дете – 20.000 рубли.

Износот на месечната исплата за деца под 18 години ќе биде 4 илјади рубли, ако детето е под старателство – 15 илјади рубли, за секое дете под 23-годишна возраст кога добива образование – 4 илјади рубли. 10 илјади рубли месечно ќе добива самохран родител за секое дете.

Регионалните власти ќе ги вршат овие исплати до 31 декември тековната година.

Путин потпиша и указ за правото на бегалците од ДПР, ЛПР и Украина да престојуваат во Русија без временски ограничувања.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ според кој бројот на воениот персонал со полно работно време на руските вооружени сили ќе се зголеми за 137.000, на 1.150.628 лица, пренесуваат руските портали.

Слични објави

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо
Се вчитува....