14:32 - 13 ноември, 2026

По разводот, Силвестер Сталоне обвинет за „кршење на прописите за свежа вода во Лос Анџелес“; не е единствена ѕвезда на листата обвинети

Актерот Силвестер Сталоне, комичарот Кевин Харт, поранешниот кошаркар Двејн Вејд и сестрите Ким и Кортни Кардашијан се обвинети за кршење на прописите за свежа вода во Лос Анџелес, пренесува Лос Анџелес Тајмс.

Познато е дека за жителите на Калифорнија има ограничувања на потрошувачката на вода предизвикана од сушата во декември 2021 година.

Така, два имоти на Ким Кардашијан го надминале буџетот за вода за 1 милион литри, а имотот со површина од повеќе од 7 илјади квадратни метри во сопственост на нејзината сестра Кортни Кардашијан, го надмина буџетот за вода за речиси 460 илјади литри.

Кошаркарот Вејд наводно го надминал буџетот за вода за 1.400%.

На листата е и Силвестер Сталоне, имотот од 2,26 хектари, во сопственост на актерот, го надминал буџетот за вода за 1 милион литри.

Претходно беше објавено дека сопругата на 76-годишниот актер Силвестер Сталоне, поранешна манекенка и бизнисменка Џенифер Флавин решила да поднесе барање за развод по 25 години брак.

(Фото) Северина блеска на улиците на Апулија: „Во Италија можеш да бидеш само вечно вљубен“

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....